Flux: Модуларниот 3D печатар собра 1,3 милиони долари преку Kickstarter

Модуларната конструкција на Flux овозможува користење како печатар, скенер и ласерски гравер

Универзалниот уред Flux работи како 3D печатар и скенер, а со дополнителен модул може да се користи и за ласерско гравирање.

Уредот Flux од истоимената фирма од Тајван веќе собра преку 1,3 милиони американски долари во донации, со што неколкупати е надмината целта од 100.000 долари. Акцијата продолжува и во следните пет денови. Огромниот интерес за Flux се поврзува со фактот што 3D печатарот во исто време може да се користи и како скенер и ласерски гравер. Производителот наведува дека развива и други модули со коишто може на пример да се приклучат две глави за печатење.

Нема потреба ниту од десктоп компјутер, затоа што преку апликацијата Flux Studio може да се изработуваат модели и преку паметен телефон или таблет, коишто потоа се пренесуваат на 3D печатарот преку блутут врска. Ласерскиот гравер што ќе се нуди како дополнителен модул ќе сече хартија и фолија, а ласерската гравура ќе може да се изведе на материјали како дрво, кожа, стиропор или картон.

Производителот очекува дека 3D печатарот ќе можат да им го понудат на подржувачите во јули следната година. Основниот модел без ласерски гравер ќе се нуди за 499 американски долари, но тој е веќе распродаден. Достапна е само класичната верзија за 599 долари, со којашто се испорачуваат и 500 грами PLA филамент. Со ласерски гравер, уредот чини 679 долари.

Flux не е единствениот производител што нуди модуларен 3D печатар. Уредот AiO од фирмата XYZ Printing исто така поседува интегриран скенер со две глави. Овој универзален уред се нуди на Amazon за 799 американски долари. Проектот на Makible, пак, не успеа. Кај нивниот 3D печатар MakiBox, којшто беше финансиран на истиот начин, имаше проблеми со испораката.

Претходна објава„Бандитскиот“ Pontiac Trans Am продаден за половина милион долари
Следна објаваJaguar C-X75 во возниот парк за новиот филм за Џејмс Бонд

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here