за

„Бандитскиот“ Pontiac Trans Am продаден за половина милион долари

Холивудската ѕвезда Берт Рејнолдс се збогува со неговиот Pontiac Firebird Trans Am од 1977 година за половина милион долари. Автомобилот се појави во култниот филм „Смоки и бандитот“.

Берт Рејнолдс го продаде својот Pontiac Firebird Trans Am од 1977 година преку интернет платформата julienslive.com. Автомобилот произведен пред 37 години е еден од малкуте сочувани примероци од специјалната серија Bandit. Холивудската ѕвезда возеше црн Trans Am со отстранлив покрив во филмот „Смоки и бандитот“ во којшто се уништуваат возила на тони.

Под хаубата на „бандитскиот“ Trans Am работи 6,5-литарски мотор V8 со 200 КС. Покрај сертификатот со којшто се потврдува дека му припаѓал на Берт Рејнолдс, автомобилот поседува и златна плочка на прагот на возачката врата, на којашто е испишано: „Pontiac Trans Am owned by Burt Reynolds“. Првично се очекуваше продажбата да му донесе меѓу 60.000 и 80.000 долари на филсмиот бандит од автопатиштата во 1970-те години, но автомобилот на крај достигна цена од 441.589 долари. Во секој случај, тоа се добредојдени пари за филмската ѕвезда, за којашто веќе подолго време се шпекулира дека има тешки финансиски проблеми.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volvo се откажува од светските автосалони: Ќе настапува самостојно

Flux: Модуларниот 3D печатар собра 1,3 милиони долари преку Kickstarter