Соларниот дрон на Google се урнал на пробниот лет

Дронот со погон на соларна енергија на Google се урнал веднаш по стартот на пробниот лет над Њу Мексико. Падот се случил уште на 1-ви мај, властите водат истрага околу причините за незгодата.

Беспилотното летало со распон на крилата од педесет метри било произведено во Titan Aerospace, фирма којашто Google ја купи пред една година. Интернет гигантот планира со помош на дронови и балони во стратосефрата да ги покрие со интернет дури и најоддалечените подрачја. Од компанијата пристигнаа оптимистички коментари: „Нашиот прототип се урна неодамна за време на пробното летање, но ние и натаму веруваме во потенцијалот на соларните дронови за покривање со интернет.“

https://youtu.be/Q7Z_-nfVUS4

 

Претходна објаваГермански супермаркет бесплатно ги полни електромобилите на клиентите
Следна објаваБитката за автомобилската круна се разгорува повторно

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here