Дронот со погон на соларна енергија на Google се урнал веднаш по стартот на пробниот лет над Њу Мексико. Падот се случил уште на 1-ви мај, властите водат истрага околу причините за незгодата.
Беспилотното летало со распон на крилата од педесет метри било произведено во Titan Aerospace, фирма којашто Google ја купи пред една година. Интернет гигантот планира со помош на дронови и балони во стратосефрата да ги покрие со интернет дури и најоддалечените подрачја. Од компанијата пристигнаа оптимистички коментари: „Нашиот прототип се урна неодамна за време на пробното летање, но ние и натаму веруваме во потенцијалот на соларните дронови за покривање со интернет.“
https://youtu.be/Q7Z_-nfVUS4
















