за

CX-5 ѝ донесе рекордна продажба на Mazda

mazda cx-5

Mazda постигна нов рекорд со 783.000 продадени возила за половина година. Најголем придонес за третата по ред рекордна година на Mazda даде новата генерација на CX-5.

Во првата половина од деловната 2017/2018 година, Mazda продаде 783.000 возила на светскиот пазар. Тоа е мало зголемување во споредба со истиот период лани, но за марката е поважно тоа што веќе трета година по ред преоѓа од еден во друг рекорд.

Најголем пораст во продажбата е постигнат во Кина, кадешто е постигнато зголемување од 12%. Во периодот од април до септември, на најголемиот пазар во светот се продадоа рекордни 149.000 примероци. Следи Јапонија со раст од 4% и 96.000 продадени возила. Во Европа за шест месеци се продадени 119.000 возила. Прометот достигна 13,1 милијарди евра (+7%), додека оперативната заработка изнесува 607 милиони евра.

Mazda прва во светот ќе вградува бензинци со компресиско палење

Иднината на Mazda е во погонската технологија Skyactiv-X, односно во бензински мотори во коишто смешата се пали под дејство на компресија – исто како кај дизел мотор. Со „диз-ото“ технологијата се постигнува зголемена моќност, а во исто време се смалува потрошувачката за 10 до 30 проценти. Моторот беше претставен премиерно пред неколку денови на салонот во Токио, во концептниот автомобил Kai.

Концептот Mazda Kai воедно ја најавува и новата генерација на Мazda 3, којашто ќе стартува со продажба напролет во 2019 година. Планвите предвидуваат марката да ја заврши деловната година со 1,6 милион возила продадени на светскиот пазар.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

турција автомобили anadol stc 16

Турција повторно ќе произведува сопствен автомобил

nissan qashqai најпродавани модели

Топ 50 најпродавани модели во Европа: Golf прв, Qashqai втор