за

Volkswagen подготвува евтин конкурент за Audi Q7

Студијата CrossBlue ја пополнува празнината меѓу Tiguan и Touareg. Спортскиот теренец од средната класа е голем колку Audi Q7, а не чини ниту половина од неговата цена.

На концернот Volkswagen како да му станува здодевно во битката со марките од другите концерни, па си воведува конкуренција во сопствената куќа. Во следните години ќе се случува драстично проширување на понудата од модели, а најмногу во сегментот на спортските теренци. Во 2016 година доаѓа малечкиот кросовер Taigun врз платформата на минито Up, но доаѓа и голем теренец кој ја пополнува празнината меѓу Tiguan и Touareg.

DB2013AU01302_large

На салонот во Детроит во почетокот на годинава Volkswagen излезе со студијата CrossBlue, со пет метри во должина, место за седум патници или два метри кубни простор за товар, а на тоа уште и со погон на сите тркала и хибриден погон. Сериската верзија од овој спој на ванот Sharan и теренецот Touareg во САД ќе се продава по цена од 30.000 долари, додека во Европа се очекува цена од околу 35.000 евра. Со тоа, идниот новитет на Volkswagen ќе биде евтин конкурент на Audi Q7.

Колосалниот CrossBlue се базира врз модуларната платформа, исто како Golf, Passat или следната генерација на Tiguan. Производството ќе се одвива или во фабриката во Таскалуза, САД, или пак, во Мексико. Подоцна се планира моделот да се произведува и во Кина.

DB2013AU01309_large

За погонот се користат постоечките модули од концернот. Задната оска добива погон од електричниот модул со моќност од 115 КС што секористи во неодамна претставениот E-Golf, додека под хаубата работи дволитарски дизел од Golf GTD со 190 КС. Во шестстепениот менувач со двојна спојка е вграден вториот електромотор со 55 КС. Вкупната системска моќност на хибридот изнесува 305 КС.

Со полни батерии може да се поминат до 33 километри само со погон на струја, при што крајната брзина е ограничена на 120 km/h. Преостанатиот пат до 100-те километри се минува во комбинирана работа на електромоторите и дизелот, па оттаму произлегува и импресивната бројка за просечната потрошувачка од 2,1 литри на сто километри. Крајната брзина при нормален погон е 205 km/h, а спринтот до сто се совладува за 7,5 секунди.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Дупла порција воздух за турбо кабриолетот на Porsche

Електричната Tesla во Норвешка се продава подобро од Golf