за

Volkswagen ги научи Американците да возат дизел

Тешко е за верување, но вистина е. До крајот на септември, Volkswagen продаде близу 80.000 дизелски модели во САД. Никогаш досега не се продале толку дизели на американскиот пазар.

Продажбата на модели со дизелски мотор во првите три квартали е за 13 проценти над бројките од истиот период лани. Целата гама на Volkswagen е достапна со дизели, од Golf и Jetta, преку Beetle и Beetle Convertible, до Touareg. Повеќе модели со дизелски мотор не нуди ниту една друга марка.

Ако се земат во предвид сите марки од коцнернот, продажбата на дизели достигна 99.000 возила уште во 2012 година. Тоа значи дека 78 проценти од возилата со дизел на пазарот во САД се од марките на Volkswagen. Продажбата на дизелските модели ќе се зголеми по воведувањето на новата генерација мотори EA288 од третиот квартал во 2014. Во 2009 година марката Volkswagen го направи пионерскиот чекор со почетокот на продажбата на дизелските модели во сите 50 сојузни држави во САД.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Мебел со тркачка нота од Porsche

Серијата 2 на BMW ќе го задржи задниот погон