за

Норвешка постави полнач што батеријата ја полни за 15 минути

Најбрзите полначи за електрични автомобили во светот се поставени во Норвешка. За помалку од три минути, батеријата се полни со енергија доволна за 100 километри пат.

Светскиот шампион во електричната мобилност, според априлските податоци со удел од 86% на електричните автомобили во вкупната продажба, секако дека има привилегија прв да ги добие најсилните полначи во светот. Моделот на овие полначи е Terra 360, производ се на ABB.

Во вториот по големина норвешки град Берген и во норвешкиот скијачки ресорт Јаило работат најбрзите полначи за електрични автомобили во светот. ABB Terra 360 работи со моќност од 360 киловати и достапен е за повеќе од 600.000 корисници на електрични автомобили во земјата. Секако дека бројот на овие полначи ќе расте.

Во партнерство со Eviny, лидер во електромобилноста во Норвешка, ABB Terra 360 им е достапен на посетителите на трговскиот центар Оасен во Берген, како и на љубителите на снегот и на природата во прочуениот ресорт Јеило.

Полначите на коишто батерија на електричен автомобил може да се наполни 100% за околу 15 минути, во блиска иднина ќе бидат дел од широка мрежа во Норвешка и во Шведска. Засега како пилот проект, норвешките Terra 360 ги прикажуваат можностите на технологијата. Воедно се демонстрира и делотворноста на полначите во екстремни временски услови.

На двете станици може да се приклучат по два автомобили, меѓу коишто се врши динамична распределба на моќноста. Максималната моќност изнесува 360 kW, што овозможува целосно полнење на батеријата за околу 15 минути.

Во 2021 година, 64,5 проценти од вкупно продадените нови автомобили биле со чисто електричен погон. Eviny моментно има поставено над 400 брзи полначи, на повеќе од 150 локации ширум земјата.

ABB е светски лидер во инфраструктурата од полначи. Компанијата ја стартуваше гранката на електромобилноста во 2010 година и досега има продадено повеќе од 680.000 полначи во 85 држави.

Електрично Peugeot e-208 го прошета цело Мариово

Volkswagen ID.3 ја тестира електромобилноста во Македонија

Mini ја вози првата електрична тура низ Македонија (Дел 1)

Со електричен Seres 3 од изворот на Треска до Скопје

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кој ќе погодеше: Kia XСeed се продава исто колку Ceed

Opel на Китка ја претстави гамата возила за работа и за веселби