за

Opel се откажува од заеднички возила со Peugeot и Citroen

Opel и PSA Peugeot Citroen ја прекинуваат планираната соработка во заедничкиот развој на возила, пишува Automotive News.

Заедничка платформа врз која што ќе се базираат идните модели на Opel и PSA Peugeot Citroen нема да има. Двата големи производитела исто така потврдија дека се прекинува и планираната соработка во развојот на бензински мотори со мала работна зафатнина, додека соработката во развој на лесно доставно возило од сегментот Б продолжува.

Opel потврди и дека ќе го произведува идниот компактен кросовер во фабриката на PSA во Сошо, Франција. Овој модел ќе биде наследник на класичниот ван Zafira Tourer. Останува планот новите Meriva и Citroen C3 Picasso да се произведуваат паралелно во фабриката на Opel во Сарагоса, Шпанија. По одлуката на General Motors марката Chevrolet да се повлече од европскиот пазар на крајот на 2015 година, Opel потврди дека почнува со развој на нов модел во класата на Adam, кој ќе биде поевтин од актуелниот трендовски мини на Германците.

Првично беше планирано идната генерација на Opel Corsa да ја позајми платформата на наследниците на Citroen C3 и Peugeot 208, заради намалување на трошоците за развој и производство. Место тоа, Opel ќе ја користи сопствената платформа за возила од градската класа. Новата Opel Corsa ќе биде претставена кон крајот на следната година.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Suzuki SX4 е најдобар избор меѓу компактните кросовери

Стартува производството на Honda Civic Tourer