за

Mitsubishi Space Star веќе достигна 100.000 примероци

Моделот што Јапонците го развија како единствен за глобалниот пазар се докажа со 100.000 примероци за неполна година од почетокот на продажбата.

Space Star, кој го заменува местото на Colt во понудата на јапонската марка моментно е достапен во 45 земји во светот и 15 земји во Европа, а од минатиот месец и на македонскиот пазар.

Според соопштението од Mitsubishi, одличната продажба на Space Star се должи на повеќе адути, односно првенствено на еколошката димензија и исклучително ниската потрошувачка на гориво од само 4,0 литри на 100 km, што го прави возилото особено интересно во земјите од Европската Унија, каде што висината на трошоците за регистрација се одредуваат според потрошувачката на гориво, а со тоа и емисијата на СО2.

Јапонците веќе реагираат на големиот интерес за моделот и најавија зголемување на капацитетот на производство на 200.000 примероци за следната година, што е двојно повеќе од моментното ниво.

Понудата за Space Star на македонскиот пазар стартува со акциска цена од 8.690 евра за моделот со основно ниво на опрема и еднолитарски мотор со 71 КС. Во нивото се вклучени клима уред, комплетна комфорна електрика, контрола на стабилност и шест воздушни перници.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Inviniti FX за подарок за роденденот на Себастијан Фетел

Светската продажба расте, Европа паѓа