за

Од музејот на Mercedes: Како се миеја автомобилите низ годините

Меѓу 1.500-те експонати што се дел од музејот на Mercedes во Штутгарт се наоѓаат и разни алати и помагала што низ времето се користеле за автомобилот да биде чист.

Од музејот на Mercedes Како се миеја автомобилите низ годините

Постојаната изложба во музејот на Mercedes се состои од 160 возила и вкупно 1.500 експонати. Посебен дел се „33 Extras“, како важно историско сведоштво со непознати детали од историјата на автомобилизмот и културата на возењето. Содржините од оваа изложба повеќепати биле дел од објавите на Аутомедиа, овојпат станува збор за миењето на автомобилите и за техниката.

Кој вистински го сака својот автомобили, тој не само што го вози, туку и се грижи за автомобилот да биде чист и светнат. Тоа важи и за каросеријата и за кабината. Низ историјата се користат најразлични алати и помагала за таа цел. Секако дека делот од изложбата „33 Extras“ во музејот на Mercedes ги содржи нив. Најстаро меѓу нив е пафтало изработено од пердуви од паун, коешто се користи за отстранување на правта уште во поетокот на 20-от век. Пафталото е неопходност, додека патиштата уште се неасфалтирани. Се мислело и на практичноста. Дрвената рачка се одвртува, за пафталото да се смести во мала картонска ролна.

Сунѓер и вода се делотворни и против најтврдокорната нечистотија. Во 1960-те години, рачното миење на автомобилите станува ритуал. Луѓето се гордеат на своите автомобили. Попладне за викендите, возилата се мијат рачно највнимателно, а потоа и се полираат. Ритуалот е уште поуспешен, ако во исто време има радио пренос од фудбалски натпревар.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Во САД, масовната моторизација почнува порано отколку во Европа. Таму се отвораат и првите автоперални, кај нас кусо „на четки“. Пионери се Френк Мек Кормик и Џ.В. Хинкл. Тие во 1914 година ја отвораат првата автоперална во Детроит. Принципот е сличен како на подвижна лента во автомобилските фабрики. Но, клучна разлика е во тоа што вработените сами ги туркаат автомобилите, процесот уште не е механизиран.

Автоматизацијата во автопералните се случува во 1962 година, кога германските изумители Јохан Зулцбергер и Гебхард Вајгеле регистрираат патент за „самостојна перална за моторни возила“. Две ротирачки четки се движат по шини околу автомобилот. Принципот остана до денес, но место четки, се користат платнени ленти или сунѓер.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Постојат два различни принципи. Во едниот случај, автомобилот мирува, додека четките и прскалките се движат околу него. Вториот случај е кога возилото се влече механички. Возачот седи во возилото и го гледа целиот процес. Mercedes GLS и GLA се подготвуваат за миење со притискање копче. Тогаш се собираат ретровизорите, се затвораат прозорците, се исклучуваат сензорите и климата се префрлува на рециркулација. При излегување, автоматиката ги враќа претходните местења, откако возилото ќе забрза над 20 km/h.

Со текот на годините, процесот постојано се збогатуваше, па денес имаме и сушење или конзервација. Врел восок го штити лакот по миењето. Денес се внимава и на животната средина. Водата во најголемиот дел се собира и се филтрира.

>>> Летање дрон во музејот на Mercedes

Летање дрон во музејот на Mercedes
Летање дрон во музејот на Mercedes

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Уште шест награди за Škoda на германскиот „Auto Trophy 2020”

Уште шест награди за Škoda на германскиот „Auto Trophy 2020”

САД имаат проблем со тјунираните дизел-пикапи

САД имаат проблем со тјунираните дизел-пикапи