за

САД имаат проблем со тјунираните дизел-пикапи

Возачите на пикапи си прават забава оставајќи ги возачите на хибридни и елеткрични возила, но и велосипедистите, во густ облак чад.

САД имаат проблем со тјунираните дизел-пикапи

Американската агенција за заштита на животната средина е загрижена за големото загадување на воздухот што го предизвикуваат пикапите со нелегални преправки. Производителите овојпат се невини.

По патиштата во САД сообраќаат повеќе од половина милион пикапи што се регистрирани во минатата деценија и имаат преправки во системот за контрола на издувните гасови. Нивната емисија на штетни материи е иста како на девет милиони возила што поседуваат нормален систем за пречистување. Тоа значи дека емисијата на нелегално модифицираните пикапи е 18-пати над дозволените вредности. Истражувањето на Агенцијата за животна средина на САД го објави „Њујорк Тајмс“.

Тренд е во пикапите да се вградувааат „премостувања“ на системот за пречистување, што ги произведуваат мали и анонимни работилници, познати само во тесни кругови. Според Агенцијата, преправките се вршат затоа што сопствениците не можат да си дозволат замена на ислужениот систем за пречистување на издувот, или пак сакаат да ја зголемат моќноста, а мотив честопати е и желбата да се шири темен облак чад зад возилото, секогаш кога возачот ќе притисне повеќе врз гасот.

Манипулираните пикапи ослободуваат 570.000 тони азотни оксиди

Сцената ги нарекува овие пикапи Coal Roller, кои повеќе години опстојуваат како автомобилска субкултура во САД. Посебно доживување на возачите на пикапи, кои се ценат како конзервативци, е возачите на хибридни и електрични автомобили, но и велосипедистите, да се задушат во црн облак чад. Овој круг возачи, на тој начин протестира против мерките за заштита на животната средина. Своите неславни потфати, возачите ги овековечуваат со снимка на јутјуб.

Системот работи на тој начин што во коморите се впрскува повеќе гориво отколку што може да согори во дадениот режим и поради тоа се ослободува облак чад. Целата оваа драма уште повеќе ги усреќува возачите кога на возилото им е онеспособен системот за пречистување на гасовите и облакот е уште поцрн и поголем. Преправките во системот за пречистување на издувните гасови, како и произцодството, продажбата и вградувањето на овие „Defeat Devices“, според Агенцијата претставува прекршување на американските закони за задржување на чистотата на воздухот.

Процена на Агенцијата за заштита на животната средина на САД е дека во изминатите десет години на овој начин се манипулирани повеќе од 550.000 пикапи. Во својот животен век, овие пикапи ќе ослободат повеќе од 570.000 тони азотни оксиди, кои се штетни по здравјето. За споредба, кога САД поднесоа тужба против Volkswagen во дизел-скандалот, германскиот концерн се обвинуваше за десетпати помала количина на азотни оксиди. Дополнително се испуштени и 5.000 тони неразградливи честички (PM).

>>> Трамп цени дека штедливите автомобили се штетни по здравјето

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Од музејот на Mercedes Како се миеја автомобилите низ годините

Од музејот на Mercedes: Како се миеја автомобилите низ годините

Еден и единствен BMW 745Le за луксузен ресорт во Кејптаун

Еден и единствен BMW 745Le за луксузен ресорт во Кејптаун