Еден автомобил е сосем доволен за да ги покрие потребите за превоз на гостите во еден од најекскузивните хотели на африканскиот континент. Но, автомобилот е најлуксузен што може да биде и уникатен е. Исто како Елерман Хаус во Кејптаун, во Јужна Африка. Занаетчиите на BMW имаа голем предизвик да го изработат овој автомобил по нарачка.
Врвна гостопримливост и услужливост, избрана уметничка збирка и веројатно најспектакуларната глетка на зајдисонце на Атлантикот направија Елерман Хаус да ужива посебен глас меѓу гостите што бараат повеќе од врвна услуга. За нивното 25-километарско патување до ресортот на заливот Бантри да биде незаборавно, хотелиерите нарачаа специјален примерок од 7-ката на BMW.
Станува збор за BMW 745Le xDrive, што значи со продолжена каросерија, со приклучен хибриден погон, па и со погон на сите тркала. За посебната изработка на возилото беше ангажиран јужноамериканскиот уметник и скулптор Ник Блејден. За својата работа, тој се инспирираше од единствената вегетација во крајот околу Кејптаун.
Блејден е прочуен по изработката на дела што го следат оригиналниот изглед на јужноафриканските растенија, но се израсботени од благородни метали
Ексклузивноста почнува уште од каросерискиот лак. Лимузината од топ-понудата на BMW е лакирана во боја на месинг, има M-тркала од 20 инчи во двобоен дизајн ио други додатоци од спортскиот пакет М за серијата 7.
Кожата е во комбинација од бои на тартуф и коњак. Седиштата се местат електрично и секако нудат масажа, греење и активна вентилација. Сончев покрив не недостига, исто како и амбиентално осветлување и посебна климатизација за назад. Потпирачите за глава се украсени со форми на цветови, а перниците ги носат иницијалите EH на ресортот.
Работата на Ник Блејден се огледува во украсните панели, во коишто се наоѓаат верни копии на природните форми од локалниот растителен свет, но изработени од злато, сребро или платина. Уметникот ги користи природните листови, цветови, корени и гранки, од кои потоа прави отпечаток во гипс. Предизвикот овојпат беше во тоа што неговите скулптури, поради вградувањето во автомобил, мораше да бидат дводимензионални. Овие метални одливки потоа се внимателно вметнати во дрвените панели од ексклузивната понуда на BMW Individual.
https://www.ellerman.co.za/