за

Уште шест награди за Škoda на германскиот „Auto Trophy 2020”

Читателите на германскиот магазин Auto Zeitung седма година во низа ја изгласаа Škoda за најдобра увозна марка.

Уште шест награди за Škoda на германскиот „Auto Trophy 2020”

Два наслови на автомобил на годината за Škoda Octavia, премиерна победа за Enyaq iV, плус победи на Škoda Superb и Kamiq во своите категории.

Škoda постигна шест победи на 33-то издание на гласањето за „Auto Trophy што го организира германскиот автомобилски магазин „Auto Zeitung”. Седма година во низа, читалите го крунисаа чешкиот производител за најдобра увозна марка. Врз основа на гласовите од 18.800 читатели, новата Škoda Octaviа постигна двоен триумф, додека Škoda Enyaq iV, како дебитант победи во категоријата на најдобри увозни СУВ модели со погон на струја. Во своите категории победија и Škoda Superb и Kamiq.

Škoda е најпопуларна меѓу 40-те увозни марки според читателите на „Аuto Zeitung”, веќе седма година во низа. Чешката марка освои 13,4 проценти од гласовите.

Двојна победа за новата Škoda Octavia

Škoda Octavia освои два од вкупно 21 трофеј во изборот. Една петина од учесниците ја избра четвртата генерација на бестселерот на Škoda како најдобар увозен автомобил во компакт класата. Со шеста победа во низа и деветта победа вкупно, Octavia триумфираше во уште една категорија во изборот. Octavia RS iV во изведба со приклучен хибриден погон е најдобар спортски автомобил од увозна марка, во што биле сложни 20,4 проценти од читателите.

Тест: Skoda Octavia 2.0 TDI DSG Style

Најдобар можен старт за новата Škoda Enyaq iV при своето деби во изборот. Првиот самостоен електричен модел освои 20,8% од гласовите за најдобар електричен СУВ меѓу увозните автомобили. Чесите со овој модел го означија новиот почеток, точно за 125-годишнината од основањето на компанијата.

Компактниот СУВ-модел Škoda Kamiq го повтори ланскиот успех. Тој победи меѓу увозните СУВ до 25.000 евра, со 15% од гласовите. Škoda Superb буквално беше супериорна во својата категорија, каде што убеди дури 28,2% од публиката. Престижниот модел на чешката марка од лани првпат се нуди и во изведба со приклучен хибриден погон.

>>> Škoda започна со сериско производство на електричниот Enyaq

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Suzuki на италијанскиот пазар веќе под лимитот од 95g CO2

Suzuki на италијанскиот пазар веќе под лимитот од 95g CO2

Од музејот на Mercedes Како се миеја автомобилите низ годините

Од музејот на Mercedes: Како се миеја автомобилите низ годините