Suzuki на италијанскиот пазар веќе под лимитот од 95g CO2

Suzuki на италијанскиот пазар веќе под лимитот од 95g CO2

Просекот од емисијата на СО2 од сите автомобили што Suzuki во октомври им ги испорачал на новите сопственици во Италија е под лимитот на ЕУ од 95 грами СО2 на километар. Производителите што ќе го надминат лимитот, ќе плаќаат скапи казни кон Унијата.

Октомври беше уште еден историски месец за Suzuki во Италија. Прво беше рекорден месец во поглед на бројот на продадени возила, поточно октомври беше втор најдобар месец за марката на италијанскиот пазар, со 4.951 испорачани возила и со пазарен удел од 3,15 проценти. Тоа што исто така е важно според новите пазарни правила (и правила за заштита на животната средина) е емисијата на СО2.

Во иднина многу почесто ќе се комуницираат вредностите на емисијата на СО2 на одделните производители, затоа што ЕУ ќе наплаќа строги казни за секое надминување на лимитот од 95 грами СО2 по километар. Конкретно, за секој грам СО2 над лимитот ќе се наплаќа 1 евро казна, по продадено возило. Тоа лесно може да повлече и стомилионски казни. Suzuki во тој поглед е сосем спокоен. Јапонската марка подолго време се подготвуваше за новото огранучување за индустријата, коешто е над рамките на Еуро-нормите. Просечната емисија на СО2 на специјалистот за градски автомобили и за погон на сите тркала во Италија во октомври веќе е под 95 грами СО2 на километар.

Според италијанскиот огранок на марката, тоа се должи на структурата на моделската понуда, што се состои строго од модели со благ хибриден погон, и општо модели со погон со висока ефикасност. Од Suzuki понатаму посочуваат дека во изминатите месеци, марката секогаш имала подобра вредност од СО2-просекот за целиот италијански пазар. Конкретно за октомври, јапонската марка е за 10,3 g/km подобра од италијанскиот просек (со 105,3 g/km).

Како Suzuki го намалуваше просекот на СО2 во Италија

Месец

Италија

Suzuki

Разлика

Мај

112,9

109,3

3.6 g/km – 3.2%

Јуни

111,7

108,0

3.7 g/km – 3.4%

Јули

112,5

107,8

4.7 g/km – 4.2%

Август

108,4

101,0

7.4 g/km – 6.9%

Септември

105,6

96,7

8.9 g/km – 8.5%

Октомври

105,3

95,0

10.3 g/km – 9.8%

Моделската понуда на македонскиот пазар е идентична со понудата на Suzuki во Италија, односно се состои целосно од модели со благ хибриден погон. Единствено уште моделската понуда на Lexus се состои строго од хибридни модели.

>>> За погон на сите тркала, кај специјалистот Suzuki

За погон на сите тркала, кај специјалистот Suzuki

Претходна објаваМакедонската Toyota го најавува новиот СУВ-модел Highlander
Следна објаваУште шест награди за Škoda на германскиот „Auto Trophy 2020”

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here