за

За погон на сите тркала, кај специјалистот Suzuki

Без разлика дали се бара најдостапниот модел со погон на сите тркала на македонскиот пазар или се бара докажана класика, Suzuki пак се поставува како прв избор.

За погон на сите тркала, кај специјалистот Suzuki

Останатите марки имаат син овал или три дијаманти во логото, доаѓаат од волчјиот град или носат четири прстени, а Suzuki е специјалист за градски автомобили и за погон на сите тркала. Марката од Хамамацу моментно има дури шест модели со погон 4×4 во понуда.

Сопствениците на автомобил со погон на сите тркала се радуваат, додека другите се откажуваат. Кога треба да се вози по терен, по влажен пат или кога треба да се влече приколка, погонот на сите тркала ја надоместува целата екстра сума што е вложена во погонот при купувањето на возилото. Кога станува студено, дополнително се покажуваат неговите предности при возење по снег, кал или влажна подлога. Suzuki е име што отсекогаш се поврзувало со овој погон, без разлика дали се бара најдостапниот модел 4×4 или се бара погон во класата во којашто денес повеќе никој не го нуди тоа – во класата на Vitara.

Јапонскиот специјалист има најразновидни решенија, од рачно вклучување на погонот на сите тркала, преку постојан погон на сите тркала, до крута или пак варијабилна распределба на вртежниот момент меѓу оските. За сите овие случаи, треба да се побара модел со ознака Allgrip. Во продолжение ги објаснуваме разликите меѓу во видовите на погонот на сите тркала во Suzuki.

ALLGRIP AUTO: Компактни и безбедени Suzuki Ignis и Swift

Исто како што за стандардната понуда на Suzuki важи слоганот дека се добива „многу автомобил за парите“, за овие модели важи дека се добива „многу погон на сите тркала за парите“. Автоматскиот погон на сите тркала ALLGRIP AUTO се нуди во моделите од градската класа, односно во кросоверот Ignis (14.448 евра) и во варијантата со погон на сите тркала на Suzuki. Предноста на овој погон е во тоа што не одзема простор и не тежи премногу.

Suzuki Ignis Hybrid

Клучен елемент во ALLGRIP AUTO е вискозната спојка меѓу оските. Преносот на сила се врши преку два метални прстени, кои се поставени во жилава течност. На сув пат, погонот е напред, со цел да се заштеди гориво. Доколку предните тркала пролизгаат, системот автоматски пренесува дел од вртежниот момент до задната оска, заради стабилизирање на возилото. Во Suzuki Ignis има дополнителна функција Grip-Control, којашто се грижи за тракција и при посебно лизгава подлога, како мраз.

ALLGRIP SELECT: Флексибилни и многустрани Vitara и SX4 S-Cross

Електронски контролираниот погон на сите тркала ALLGRIP SELECT се одликува со висока флексибилност. Тој се вградува во Vitara и SX4 S-Cross. Возачот преку вртлив прекинувач избира меѓу Auto, Sport, Snow и Lock. Во последниот режим, вртежниот момент се распределува еднакво меѓу двете оски (50:50%), со цел да се обезбеди тракција на лизгава подлога и воедно да се постигне стабилност. Во останатите три програми, распределбата се одредува автоматски и зависно од условите, меѓу 100:0 и 50:50 меѓу двете оски.

Suzuki Vitara Katana, Suzuki Jimny Gan
Suzuki Vitara Katana, Suzuki Jimny Gan

Во автоматскиот режим, кој е наменет за нормалн услови на сув пат и за максимална штедливост, вртежниот момент се пренесува првенствено на предната оска. Во спортскиот режим, системот при поаѓање и при силно забрзување испорачува дополнителен момент до задната оска. Во зима е особено корисен модусот за снег, односно за поаѓање на лизгава подлога. Тој се грижи и за стабилност во свијоци, при што испорачува повеќе моќ до задната оска, а воедно ја активира и контролата на тракција во случај да се појави пролизгување.

ALLGRIP PRO: Едноставен и непоколеблив Jimny

Suzuki уште во 1970 година нудеше можност за рачно вклучување на предната оска во Suzuki LJ10 со заден погон. Овој принцип се применува и во денешниот Suzuki Jimny. Неговата варијанта на погон на сите тркала се одликува со функционалност и издржливост. Тука дополнително се добива можност за вклучување теренска редукција – апсолутна реткост денес.

suzuki s-cross-hybrid
Suzuki S-Cross Hybrid

Возачот во Jimny едноставно избира меѓу погон назад и на сите тркала преку рачката што е директно поврзана со разделниот преносник. Со вклучување на теренска редукција, Jimny ќе се искачи и најестремни нагорнини, како и по најсуров терен. При спуштање по стрмна надолнина помага системот што ја ограничува брзината и го растоварува возачот. Погонот на сите тркала е стандард кај Jimny, не постои варијанта без 4WD.

E-FOUR: Електронски контролиран погон на сите тркала во Suzuki Across

Тој е првиот модел од соработката меѓу Suzuki и Toyota, и идентичен е со RAV4. Тоа значи дека од сонародничката и партнерка пристига и погонот на сите тркала E-Four – заедно со хибриден погон. Станува збор за погон што е супериорен и во пошироки рамки, со два електромотори чијашто работа се приспособува според условите. Предниот електромотор располага со моќност од 134 kW, заедниот со 40 kW. Зависно од условите, вртежниот момент се распределува меѓу оските во сооднос меѓу 100:0 и 20:80.

Suzuki Across

Преку системот AIM се регулираат и чувствителноста на моторот, работата на менувачот и на сервоуправувањето. E-Four ја подобрува стабилнота при поаѓање на снег и општо на лизгава подлога, но обезбедува и стабилност при возење во свијоци. За врвна тракција се грижи режимот Trail Mode, кој функционира како автоматска блокада на диференцијал и при појава на пролизгување испорачува вртежен момент до тркалата што иамат најдобра тракција. Suzuki Across се очекува да се појави наскоро во салонот на македонскиот увозник.

Уште една специјалност на Suzuki: Сите овие модели користат благ хибриден погон. Наскоро во Vitara ќе се понуди и верзија со целосно хибриден погон, кој понатаму ќе се воведува и во останатите моделски серии на марката.

Шесторката за сите подлоги и сите ситуации на Suzuki

  • Suzuki Ignis 1.2 DUALJET HYBRID ALLGRIP
  • Suzuki Swift 1.2 DUALJET HYBRID ALLGRIP
  • Suzuki SX4 S-Cross 1.4 BOOSTERJET HYBRID ALLGRIP
  • Suzuki Vitara 1.4 BOOSTERJET HYBRID ALLGRIP
  • Suzuki Jimny 1.5 ALLGRIP
  • Suzuki Across Plug-In Hybrid Comfort+

>>> Suzuki Swift со шампионски сооднос цена-потрошувачка

suzuki swift hibrid скопје салон

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW одликуван како најчиста автомобилска компанија

BMW одликуван како најчиста автомобилска компанија

Mercedes-Maybach S-Class

Над Mercedes S-Class може да има само Maybach-Class