за

BMW одликуван како најчиста автомобилска компанија

Групацијата BMW е највисоко пласирана автомобилска компанија во рангирањето на одржливоста според Dow Jones.

BMW одликуван како најчиста автомобилска компанија

Во новото рангирање на S&P Dow Jones Indizes според одржливоста во работењето на компаниите од светски ранг, групацијата BMW е пласирана највисоко во автомобилската бранша, со 80 од можни сто бодови.

Групацијата BMW најдобро внимава на животната средина и на одржливоста од сите производители на автомобили во светски рамки. Во истражувањето се наведува дека баварската компанија постојано е на врвот на рангирањето, откако постои Dow Jones Sustainability Indizes. Годинава се оценуваа вкупно 39 компании од автомобилската индустрија. BMW напредувал во сите три подрачја, во управувањето и економијата, во животната средина и во социјалната димензија.

Водството на BMW во браншата според Dow Jones Sustainability Indizes произлегува од постојаните подобрувања кои групацијата ги преземаше во минатите години. Потрошувачката на енергија по возило е намалена за 40 проценти во споредба со 2006 година, додека емисијата на СО2 е за околу 70 проценти пониска. Во сите фабрики се користи струја од обновливи извори. Емисијата на СО2 од новите возила, меѓу 1995 и 2019 година, намалена е за 42 проценти.

До 2030 година, по патиштата ширум светот ќе возат седум милиони електрични и приклучни хибридни автомобили од групацијата BMW

Во јули, BMW ја најави стратегијата за следните години од гледиште на одржливоста на животната средина. Целите за намалување на емисијата на СО2 до 2030 година првпат ќе се одредуваат според целиот животен циклус на возилата, од добавувачите, преку производството, до завршетокот на експлоатацискиот век. Емисијата на СО2 во целина треба да се намалат за барем една третина по возило. За флота од 2,5 милиони возила – толку BMW Group произведе во 2019 година – тоа ќе значи поштедување на животната среидна од 40 милиони тони СО2.

Клучен дел од стратегијата секако дека претставува елеткромбоилноста. Во 2030 година, по патиштата ќе возат повеќе од седум милиони електрични и приклучни хибридни возила од групацијата BMW. Една третина од нив ќе бидат чисто електрични возила.

>>> BMW вложува 400 мио. € во фабрика за електрични возила во Минхен

BMW вложува 400 мио. € во фабрика за електрични возила во Минхен

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Еуро 7 стапува на сила во 2025 тешко за моторите

Еуро 7 стапува на сила во 2025, тешко за моторите

За погон на сите тркала, кај специјалистот Suzuki

За погон на сите тркала, кај специјалистот Suzuki