за

Inviniti FX за подарок за роденденот на Себастијан Фетел

Ѕвездата на формула 1 доби подарок за 26-от роденден, примерок од специјалната серија Infiniti FX со неговото име. Нека му е честито возењето.

Спортскиот теренец кој според производителот е модифициран со примена на искуствата од формула 1 и е прв примерок од вкупно 150-те од серијата со името на повеќекратниот шампион му беше предаден на Себастијан Фетел пред неговиот дом во Швајцарија.

FX Vettel Edition е најмоќниот модел во гамата на Infiniti и дебитираше на минатогодишниот Фестивал на брзината во англискиот Гудвуд, управуван лично од Фетел. Проектот го одбележа почетокот на ангажманот на Себ во развојот на моделите на Infiniti, со негово поставување како директор за перформанси на марката во април годинава.

„Горд сум што сега го поседувам моделот на Infiniti во чиј што развој учествував. Тој има одлични перформанси, директна управливост и совршено одговара за моите секојдневни обврски. Големо задоволство е да се вози FX Vettel Edition и ми се допаѓа што тој е уникатен. Сигурен сум дека и другите сопственици на Infiniti ќе го почувствуваат тоа“

Неговата улога е соработка во развојот на моделите и вршење споредбени тестови, како и учество во консултациите со инженерите на Infiniti. Тоа меѓу другото значеше давање препораки и совети за дотерувањето на управувањето и сопирачките на спортската лимузина Infiniti Q50.

Серијата Infiniti FX Vettel Edition е достапна на пазарите во Западна Европа, Средниот Исток и Русија.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Нови и поевтини модели од класите A, B и монструм од CLA

Mitsubishi Space Star веќе достигна 100.000 примероци