Директорот на Форд крева паника околу кинеските производители, вели на Европа ѝ било предоцна

Директорот на Форд бара политиката да го задржи строгиот пристап што спречува кинеските конкуренти да влезат на пазарот во САД.

Џим Фарли, извршен директор на Форд

Извршниот директор на Форд, Џим Фарли, предупредува дека авто индустријата во САД се става во ризик да ѝ се повтори судбината на Европа, каде што кинеските производители забрзано се шират.

Зборувајќи на конгресот на Аутомотив Њуз на 29-ти септември, Фарли кажа дека САД мора „да останат крајно внимателни околу тоа како кинеските производители на автомобили ќе дојдат во нашата земја.“

Фарли ја посочи Европа, како поучна приказна. Кинеските прозиводители на автомобили во август имале освоено 11,7 проценти од пазарот во Европа, со продажба зголемена 111 проценти и продадени 97.639 возила.

За европските држави „е предоцна“, оценува Фарли.

Тој кажа дека Форд ќе се здружи со кинески компании кога тоа ќе биде во корист на капиталот и тоа во подрачја во коишто производителот од САД има послаби искуства. Форд, на пример, соработува со кинескиот производител на батерии КАТЛ, за поевтино  да се произведуваат батерии во фабриката во Мичиген.

„Ние и директно ќе се натпреваруваме со нив,“ кажа Фарли. „Тие немаат меѓусебна ексклузивност.“

Форд се соочи со критики од законодавците во САД и од организациите што ја надгледуваат индустријата, поради своите партнерства со кинески фирми, во автомобилската и батериската технологија. Во јули, Форд склучи договор за кинески Џили, за заеднички развој на електрични возила за европскиот пазар.

Министерот за транспорт Шон Дафи месецов испрати писмо до Фарли, предупредувајќи го дека зделката на Форд со кинеските компании го става во ризик „за својата иднина да ја испреплете со кинески компании што уживаат поддршка од државата.“

Наглиот пробив на Кина како моќник во извозот на автомобили ги алармираше автомобилските директори во Јапонија, Германија и САД

Се очекува Кина годинава да испорача околу 12 милиони возила во Европа, Латинска Америка и други пазари. Во 2022 година, извозот достигна само милиони.

САД воведоа строга забрана за увоз на кинески автомобили, преку забраната за софтверот во автомобилите што се произведуваат во Кина и преку царините што надминуваат 100 проценти. Автомобилските менаџери сепак се загрижени дека тие забрани нема да издржат уште долго, додека лобито на производители на автомобили, дилери и добавувачи притиска за законодавците во САД да воведат трајна забрана.

M-Hero M817 · Тест · Борбен авион во низок лет

Претходна објаваБи Уај Ди со голема свеченост го одбележа влегувањето на македонскиот пазар
Следна објаваВозач на Порше фатен со 300 км/ч може да заврши во затвор

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here