Џили влезе во фабриката на Форд во Валенсија, ќе им ги развива и моделите

Во фабриката на Форд во Валенсија наскоро ќе се произведуваат и модели на Џили. Договорено е Џили да му развие на Форд СУВ-модел со техниката на Кинезите.

Форд ќе ја прошири својата соработка со кинески Џили на европскиот пазар. Основа на соработката е преземањето на удел во фабриката на Форд во Валенсија, Шпанија, од страна на Џили.

Правните процедури околу заедничката компанија ќе започнат во првото полугодие од 2027 година. Една година подоцна, од фабриката ќе почнат да излегуваат нови модели, од двете марки, коишто ќе се продаваат во Европа. На Форд му припаѓаат 66 проценти од компанијата, преостанатите 34 проценти се дел на Џили.

Џили ќе произведува свои модели во фабриката на Форд

Намерата е да се зголеми искористеноста на фабриката на Форд во Алмусафес, во близина на Валенсија. Фабриката може да произведе 500.000 возила годишно, но во моментов работи далеку под капацитетот.

Преку соработката со Кинезите, ќе се скусат трошоците и ќе се зголеми конкурентоста. Во моментов единствено се произведува Форд Куга, додека не биде заменета со новиот модел со техниката од Џили.

Џили има дополнителна корист од вселувањето во шпанската фабрика. Произведените возила на Џили во Европа ќе бидат ослободени од казнената царина што ја наплаќа ЕУ за увоз на електрични автомобили од Кина.

Тоа значи дека Џили ќе настапува со уште поконкурентни цени. Повеќе кинески производители во моментов се подготвуваат или планираат исто сценарио.

Планот е во Валенсија да се произведуваат два електрични СУВ-модели на Џили. Еден од тие модели е компактниот СУВ-модел Е5, што веќе се продава на големите пазари во Европа.

Втор кандидат е градскиот елеткричен автомобил Џили Е2, што ќе биде од стратешка важност, како еден од веројатно најдостапните ЕВ на пазарот.

За Форд се развиваат модели што ќе се произведуваат во изведби со хибриден, приклучен хибриден, електричен и РЕЕВ-погон, што соодветно ќе се нудат на пазарите за коишто има побарувачка за одреден погон.

Форд уште во мај ја објави својата нова стратегија за Европа и најави пет нови автомобили до завршетокот на 2029 година. Прв модел ќе биде смалена верзија на Бронко, што треба да стартува во Валенсија во 2028 година. Форд најави уште два кросовери со повеќе видови погон, што ќе ја зголемат понудата од модели во Европа.

Два од петте нови патнички модели на Форд се Џили, останатите модели ќе бидат Фолскваген и Рено

Малку остана од Форд во моделите што се нудат на пазарот. Електричните модели Капри и Експлорер се во основа препакувана изведба на Фолскваген ИД.4, меѓутоа побарувачката за нив е исклучително слаба, додека Фолксваген продава одлично.

Форд во меѓувреме договори и со Рено, за користење на техниката на Французите за два свои идни модели.

Единствено што го држи Форд на пазарот се доставните возила, за коишто има извесна побарувачка.

Претходна објаваНа 12-цилиндарците на Мерцедес ќе им расте вредноста, Штутгарт преоѓа на „фау-ахт“
Следна објаваРејнџ Ровер од некој нов вид: Не е СУВ и вози на струја

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here