Би Уај Ди со голема свеченост го одбележа влегувањето на македонскиот пазар

Синоќа во Скопје на врвно организирана свеченост беше одбележан стартот на кинескиот производител на автомобили Би Уај Ди на македонскиот пазар.

Двата главни модели на Би Уај Ди на бината: Хибриден Сил Ју ДМ-и и електричен Долфин Сурф

Би Уај Ди заслужи настан каков што доликува за главните предизвикувачи на конкуренцијата на автомобилскиот пазар. Кинескиот производител е секојдневна вест од светот на автомобилите, а отсега и од македонскиот пазар. Старт на Би Уај Ди во присуство на менаџери од европското седиште во Холандија, претставување на македонските менаџери, пробни возења, преку 300 гости на премиерата.

Колку беше важен синоќешниот настан на Би Уај Ди, најверно укажува тоа што главниот збор на свечениот старт на марката на македонскиот автомобилски пазар ѝ припадна на регионалната директорка Меги Жу, надлежна за пазарите во Југоисточна Европа.

Многу од фактите што ги издвои менаџерката за водечкиот производител од Кина веќе ѝ се познати на јавноста, затоа што Би Уај Ди се појавува во вестите од сите фронтови, и како најголем производител на автомобили од Кина, и како најголем производител на електрични автомобили во светот, но и како водач во развојот и усовршувањето на електричниот погон.

Жу посебно внимание посвети на т.н. флеш-полнење, односно досега најбрзиот начин на полнење на батеријата, со којшто за 5 минути, поаѓајќи од 10 проценти, се постигнува наполнетост од 70 проценти. Се работи и за технологија што одвај е чувствителна на ниски температури, со полнење од 20 до 97 проценти на 30 степени под нулата, за само 12 минути.

Покрај бројните нови модели што Би Уај Ди ќе ги изложи на претстојниот салон во Париз, нагласок ќе се стави токму на флеш-полнењето, како една од врвните технологии во подрачјето на електромобилноста.

„Би Уај Ди е компанија на инженери“

Тоа што менаџерката го нагласи уште во почетокот на својата презентација беше дека Би Уај Ди е компанија на инженери. Се работи за моќник од светски размери, со преку 600.000 вработени, не само во автомобилската индустрија, туку и во производството на енергија, во електрониката и железницата. Би Уај Ди Ауто е еден од четирите главни ограноци на компанијата.

За сета технологија со коајшто располага Би Уај Ди во своите автомобили да биде претставена на разбирлив и колоквијален начин пред публиката во преполната сала на Рагуза Парк, се погрижи Александар Цветковски, познат автомобилски експерт од македонската сцена, овојпат во улога како стручен советник.

Прво возење на Биу Уај Ди во рамки на премиерата

Претходно, гостите имаа можност да направат пробно возење со петте различни модели, меѓу кои Сил Ју, најпродаван модел на Би Уај Ди во Европа, но и подостапните модели Долфин, кросоверот Ато 2 и лимузината Сил 6.

Тоа што остави впечаток е брзото убедување дека во овие автомобили се работи за многу повеќе, отколку „само“ за автомобили што се подостапни од останатите. Во кусото пробно возење, посебно се издвои комфорот и зрелоста на Ато 2, коишто се поблиску до модел од средна класа, отколку до автомобил од градскиот сегмент. Од подвозјето ништо не допира до кабината, возењето е мазно, контролата е лесна – и уште еднаш, ова очигледно не се автомобили што се продаваат „само“ поради цената.

Имиџот на Би Уај Ди во Македонија ќе го градат хибридниот Сил Ју ДМ-и и електричниот Сил 7

Освен електрични модели, Би Уај Ди на македонскиот пазар ќе нуди и изведби со приклучен хибриден погон, односно тоа е познатата технологија ДМ-и, што означува интелигентен двоен погон, од електромотор и бензинец. Тоа што го напоменаа менаџерите на Би Уај Ди при презентацијата, се почувствува и во претходното возење: Чувството при возење на моделите со приклучен хибриден погон ДМ-и е мошне блиску до електричните модели. Овој адут несомнено ќе ги убедува купувачите на Сил Ју.

Важен дел од настанот им припадна на македонските менаџери, директорот за продажба Стефан Наунов и директорот за маркетинг Јован Цветановски. Младиот раководен тим претходно има работено за важни автомобилски марки и компании на македонската сцена, и како што тие напоменаа во разговорите по настанот, кинескиот производител ја цени токму младоста на менаџерите.

Првиот салон ќе работи во Кам Мол

Првиот салон на Би Уај Ди ќе биде отворен деновиве и се наоѓа во Кам Мол во Скопје, за понатаму да следат и други салони. Во исто време со свечениот старт беа пуштени и вебсајтот на Би Уај Ди за Македонија, а секако се полнат со содржини и профилите на друштвените мрежи, на фејсбук, инстаграм и линкдин.

https://www.bydauto.mk/

https://www.facebook.com/profile.php?id=61590904496937

https://www.instagram.com/byd.macedonia/

https://www.linkedin.com/company/135413922/admin/page-posts/published/

Цените на основните модели во секоја моделска серија се наведени на вебсајтот, почнувајќи од 26.400 евра за електричниот Долфин Сурф, преку 30.400 евра за хибриден Ато 2 ДМ-и, до 39.900 евра за хибридниот Д-СУВ модел Сил Ју и 43.000 евра за луксузната лимузина Сил.

Се очекува моделите на Би Уај Ди да дојдат наскоро на тест-возење во Аутомедиа.

Претходна објаваМерцедес-Бенц доаѓа со 6 моделски премиери на салонот во Париз

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here