Мерцедес-Бенц доаѓа со 6 моделски премиери на салонот во Париз

Дури шест премиери на штандот на Мерцедес-Бенц во Париз, од новата генерација на ГЛА, до електричниот луксузен ван ВЛЕ.

Мерцедес-Бенц ќе ги изложи своите најнови модели, технологии и иновации на салонот во Париз што се одржува од 12-ти до 18-ти октомври. Салонскиот настап ќе има дополнителна содржина, затоа што Мерцедес-Бенц одбележува 140-годишнина. Во чест на тоа, Штутгарт ја отпочна и веќе далеку напредува со најголемата офанзива со нови модели во историјата.

Појавувањето на Мерцедес-Бенц на најважниот автомобилски настан во Европа годинава, салонот во Париз, ќе биде дел од одбележувањето на 140-те години, откако Карл Бенц во 1886 годин го патентираше првото моторно возило во светот.

Таа пионерска предност остана до денес, и Мерцедес-Бенц постојано воведува иновации, подобрувања и презема чекори што понатаму неретко ги презема целата автомобилска бранша. Производителот од Штутгарт се поврзува со комфор, безбедност, перформанси, дизајн, технолошки иновации, остава печат во сите подрачја.

Тоа што несомнено ќе се забележува и ќе се спомнува околу штандот во Париз е новото мото на Мерцедес-Бенц, а тоа е Добредојдовте Дома. Пораката е едноставна, но во исто време и најверодостојно отсликување на суштината на марката. Кога ќе се седне во Мерцедес-Бенц, човек навистина се чувствува згрижено, сигурно, самоуверено.

Меѓу премиерите се издвојува сосем новата моделска серија во понудата на Мерцедес-Бенц, луксузниот и целосно електричен ван ВЛЕ, врз нова платформа, којашто треба да биде С-Класа меѓу вановите. Матијас Фајтл, директор за маркетинг и продажба на Мерцедес-Бенц Ванс, посочува дека ВЛЕ е наменета „и за фамилии, и за деловни патници или во служба на премиум шатл.“

Мерцедес-Бенц ВЛЕ

Шест премиери, од нова генерација на ГЛА до фејслифт на С-Класа

Најсвежа, а веројатно и најважна премиера во семејството модели од компакт класата на Мерцедес-Бенц, ќе има ГЛА, но нема да останат незабележани и Мерцедес-АМГ ЦЛА 45, фејслифтот на Мерцедес-Бенц ГЛЕ, новиот Мерцедес-АМГ ГТ со 4 врати Купе, електричниот ван ВЛЕ и фејслифтот на С-Класа.

На штандот ќе бидат изложени и ЦЛА Шутинг Брејк, новата електрична Ц-Класа, новиот ГЛЦ исто така на струја и специјалната серија А-Класа Едишн 140.

Претходна објаваКомпактните СУВ се најпродаван сегмент во Европа, дизелот исчезнува

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here