за

ЕУ дневно согорува 19 милиони шишиња сончогледово масло – во биодизелот

Во оваа комплицирана денешница на кризи и неизвесности, сé почесто се предупредува дека и храна ќе недостига. Во ЕУ сепак се горат илјадници тони масло, коешто се меша во биогоривото.

Додека цените на храната растат и прашање е уште колку ќе пораснат, во ЕУ и натаму се горат илјадници тони масло од сончоглед и од маслена репа, преку нивно додавање во биодизелот. Секој ден во возилата во ЕУ се согоруваат по 17.000 тони масло за готвење.

Во светски рамки, 18 проценти од растителните масла се преработуваат во биогориво. Тоа се масла што обично се користат за производство на масла за готвење. Европа предничи во потрошувачката. Во последните пет години, 58 проценти од вкупната количина од масло од маслена репа и 9 проценти од вкупната количина сончогледново масло, завршиле во резервоарите на автомобилите и камионите во Европа.

Биодизел се произведува и од големи количини соино и палмино масло, коишто надвор од Европа претставуваат важен производ во прехраната. Конкретно, во биодизел се преработуваат 50% од увезеното палмино масло и 32% од соиното масло.

Во дизелот се вмешуваат седум проценти масло од растително потекло. Кај бензинот, пет до десет проценти се заменуваат со биоетанол, којшто обично се добива од житарки и репа. Тоа се прави со цел да се намали емисијата на СО2. Во претходните студии е посочено и дека во Европа, секој ден во автомобилите се согоруваат 10.000 тони пченица.

Организацијата за храна и земјоделство на ОН уште пред неколку месеци предупреди дека цените на прехранбените производи на светските берзи ќе растат поради прекинот на испорака на житарки и ѓубриво од Русија и Украина. Конкретно се спомнуваше поскапување меѓу осум и 22 проценти.

Најмногу се погодени држави во Африка, на Блискиот Исток и во Азија, коишто уште пред конфликтот во Украина се соочуваа со високи цени на прехранбените производи и ѓубривата. Доколку последиците од војната во Украина бидат умерени, бројот на лица што се хранат недоволно ќе се зголеми за 7,6 милиони. Но, доколку конфликтот биде долготраен, според ОН, со изгладнетост ќе се соочуваат уште 11,2 милиони лица.

Сончогледово масло место дизел?

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Harley-Davidson прв доаѓа да гаси пожар

Кинески Great Wall Motor во мај продал над 80.000 возила