за

Harley-Davidson прв доаѓа да гаси пожар

Противпожарната служба во германското гратче Кал прва и единствена во светот користи Harley Davidson Pan America.

Во градот Кал, во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија, првпат во светот се користи Harley-Davidson Pan America во справувањето со пожарите и во заштитата од непогоди.

Посебно приспособениот Harley-Davidson е подарок од претставништвото на американскиот производител во Германија. Службениот мотоцикл што претходно се користеше во доброволната противпожарникарска служба, претрпе големо оштетување во поплавите во јули лани, што го зафатија регионот на Нордајфел.

Освен со ротациско светло и сирена, Harley-Davidson Pan America Special располага и со посебен уред за навигација, којшто овозможува комуникација со останатите пожарникари. Harley-Davidson дополнително го опреми мотоциклот и со радио станица, прибор за прва помош и апарат за гаснење пожар.

Дополнителен акумулатор, заедно со специјален полнач, обезбедува долготрајно напојување на специјалната опрема со електрична енерија. Резервоарот, рамката, оклопот се лакирани во сигнална боја според прописите.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

Harley-Davidson развива модел со 338 ccm за Кина

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најбрзиот багажник од кубик и пол во светот: BMW M3 Touring

ЕУ дневно согорува 19 милиони шишиња сончогледово масло – во биодизелот