за

Кинески Great Wall Motor во мај продал над 80.000 возила

Неодамна во салонот на марката Haval имавме прво запознавање со новиот модел H6. Изненадувањето во овој автомобил е речиси програмирано, но тоа никого не треба да чуди.

За новините од кинескиот концерн Great Wall Motors, со неговите марки Haval, Wey, Ora, GWM Pickup, не само што е извесно дека ќе продолжат да ни доаѓаат, туку е извесно дека ќе продолжат во уште поголем обем, а и ќе нé засегаат повеќе. Третата генерација на Haval H6 претставува една од моделските сензации што македонскиот пазар ќе ги доживее годинава. Следи еден кус преглед на продажбите на Great Wall Motors, практично одговор, кој е навистина GWM.

Компанијата Great Wall Motor во мај годинава продала 80.062 возила, што е 48,9% повеќе во споредба со мај лани. За извоз заминале 12.317 возила или за 59,3% повеќе. Растот на продажбата се должи на новите модели коишто се исполнување на големите ветувања што до скоро време ги слушавме од кинескиот гигант. Очигледно е дека се реализираа масивните вложувања во истражување и развој, и подеднакво масивно се применуваат новите технологии во моделите од сериско производство.

Тоа што менаџерите на GWM го истакнуваат во новиот продажен извештај е зголемениот удел на модели од поскапите сегменти. Во мај, уделот на модели поскапи од 150.000 јуани (околу 21.200 евра) се искачил на 14,9 проценти. Моделите коишто се темелат врз трите технолошки напредни платформи – L.E.M.O.N (хибридем погон), TANK и COFFEE (елеткронска архитектура) – учествуваат со 64,1 проценти во вкупната продажба. Во 82,9 проценти од продадените модели работи интелигентна технологија, главно во подрачјето на конективноста, онлајн-услугите, инфо-забавните системи и системте за асистенција

Марката што е специјализирана за СУВ-модели, Haval, учествува со 41.748 возила во вкупната продажба на GWM, што е раст од 43,3 проценти во споредба со мај лани. Ѕвезда во гамата е токму Haval H6, за чијашто македонска премиера објавивме неодамна. Продажбата на овој модел достигнала 20.088 примероци.

На марката Wey отпаѓаат 2.520 возила (+9,9%), додека електричната марка ORA напредувала до 10.768 продажби и забележила раст од дури 248,7 проценти. Новата марка Tank продала 8.018 возила (+32,2%). Моќна марка во концернот е специјализираната GWM Pickup, којашто во мај продала 17.008 возила (29,9%). На новиот и престижен пикап Poer (името асоцира на Power, но и а лик од кинеската митологија), отпаѓаат 13.190 продажби. Лидерот во продажбата на престижни пикапи во Кина, надмина 300.000 возила.

Се најавуваат уште бројни модели што ќе доживеат премиера годинава, вклучувајќи и модели со хибриден и приклучен хибриден погон.

GWM беше генерален спонзор на светското првенство во сурфинг што се одржа на Манли Бич, во Сиднеј, Австралија.

Престижен СУВ од марката Tank

Новите модели на Haval со хибриден погон

Ова не е кинески СУВ, тој е марка: Haval H6 од трета генерација

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ЕУ дневно согорува 19 милиони шишиња сончогледово масло – во биодизелот

Не само илјада, туку рекордни илјада и 202 km со електричниот Mercedes-Benz Vision EQXX