за

Continental ќе произведува автомобилски гуми од глуварче

Continental, глуварче

За неколку години гумите на нашите автомобили ќе растат на ливада – барем што се однесува до нивните најважни состојки. Се гради фабрика што ќе произведува каучук добиен од глуварче.

Индустриското производство на глуварчиња како суровина за автомобилски гуми е пред историска пресвртница. Производителот на гуми Continental и Институтот Фраунхофер од германскиот град Ахен веќе со години вршат истражувања на ова поле. Деновиве стартуваше изградба на фабрика во близина на градот Минстер, каде што во поголем обем ќе се произведува природен каучук.

continental guma od gluvarce

Првите тестирања со гуми што содржат каучук од глуварче ќе стартуваат за само неколку години. Природниот каучук досега се добиваше од сокот од каучуково дрво, кој од супстропските подрачја мора да мине долги патишта додека пристигне во фабриките за производство на автомобилски гуми. Наспроти тоа, глуварчето расте во многу поширок климатски регион, па со тоа и добивањето каучук од него е значително поевтино. Поради тоа што глуварчето не бара посебни услови на одгледување, се отвораат големи потенцијали за негово култивирање на неискористените полиња.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Hummer повеќе не постои, но холивудските ѕвезди најдоа замена

Најиздржливите автомобили според супертестот на AUTO BILD