Третиот теренец од британските благородни марки следува во последното тромесечје од следната година. Aston Martin DBX штотуку ја започнува долготрајната и напорна тест-програма, прототипите моментно ги возат првите километри околу новата фабрика во Сент Етан
Теренецот на Aston Martin пристига следната есен под моделската ознака DBX. Тоа е официјалната потврда од престижната британска марка, додека јавноста за првпат ги гледа фотографиите од тестирањето на прототипите по патеката на релито во Велс. Новата фабрика на Aston Martin во Сент Етан е во непосредна близина на овие терени, ова практично е првото излегување на идниот DBX надвор од кругот на фабриката.
По компјутерските симулации на коишто отпаѓа голем дел од развојот на новите модели, натамошното созревање на третиот теренец од благородните британски марки (по Rolls-Royce Cullinan и Bentley Bentayga) ќе се одвива по Арктикот, во пустините во Средниот Исток, на Алпите, по германскиот аутобан – и задолжително – на Нирбургринг.
Aston Martin во иднина ќе ги услужува и клиентите што имаат тешки јахти за влечење
Со новиот модел, Aston Martin ќе може да ги услужи и клиентите кои бараат автомобил за теренско возење или влечно возило за тешка јахта, и кои досега мораа да се обраќаат кај останатите марки. Продажбата стартува во последниот квартал од 2019 година, а производството ќе се одвива во новата фабрика во Сент Етан, којашто понатаму ќе прерасне во центар за електричните модели на „марката со крилја“.
A bold new era for Aston Martin. DBX is put through its paces in the first dynamic tests in Wales. https://t.co/Owo6SbsdlE
#AstonMartinDBX pic.twitter.com/tnWzKqxPDx
— Aston Martin (@astonmartin) November 14, 2018
Aston Martin е луксузна марка на годината
Ferrari имал планови да го преземе Aston Martin во 2014 година
Само за милијардерски очи: Aston Martin DB5 за хоби-шпиуни
Како Енди Палмер го спаси Aston Martin со идеите од Nissan
Aston Martin ќе прави нова супермарка од Lagonda
















