Новата Mazda 3 се очекува на крајот на месецов

Mazda 3 cetvrta generacija

По пojaвувањето на новитe Ford Focus и Kia Ceed, годинава следи уште една важна премиера во компакт класата. Mazda 3 пристига со нов дизајн, нов кокпит, но и револуционерна моторна техника

Уште две седмици остануваат до премиерата на новата генерација на Mazda 3. Јапонскиот компакт ќе биде претставен на салонот во Лос Анџелес, кој се одржува од 30-ти ноември до 9-ти декември. Во меѓувреме почнаа да се појавуваат и фотографии од тест-прототипите, кои јасно укажуваат на тоа дека серискиот модел речиси целосно го презема дизајнот на Kai Concept од салонот во Токио пред две години.

Mazda 3 cetvrta generacija 2am#

Четвртата генерација на наследникот на „фантомот“ добива голема предна маска, којашто тенките светла дополнително ја нагласуваат. Каросеријата има мазна форма, долниот раб на страничните прозорци се искачува и придонесува опашот да изгледа особено моќно и цврсто. Задното стакло е повеќе заоблено, но и натаму е со релативно мали димензии.

Производителот официјално има објавено само една фотографија од серискиот модел, на којашто се гледа масивниот заден столб на комбилимусинската верзија и линијата на покривот на лимузинската изведба. Освен фотографијата постои и кусо фабричко видео. На него се наѕира страничната силуета на верзијата на Mazda 3 со пет врати, како и детал од задните светла.

Продажбата новата Mazda 3 на европскиот пазар стартува во следната пролет

Ентериерот на концептот е премногу футуристички да се примени во серискиот модел, особено со четирите одвоени седишта и масивниот средишен тунел како во суперспортските купеа. Сепак може да се приоменат неколку елементи од арматурната табла, којашто дизајнерите на Mazda ја нарекуваат Skyactiv-Vehicle.

Mazda 3 cetvrta generacija 3am#

Многу поинтересни новитети се очекуваат под хаубата, кадешто се најавени мотори од генерацијата Skyactiv-X. Станува збор за бензински мотори, коишто работат со повисока компресија и во одреден работен режим ја палат смешата под дејство на компресија, како дизел. Браншата долго време експериментира со оваа идеја за „диз-ото“ (од дизел и ото), којшто работи тивко и врти брзо како бензинец, а постигнува штедливост и вртежен момент на дизел. Mazda прва ќе го примени овој принцип во сериско производство, и тоа токму во новата „тројка“.

Новата технологија троши за 30% помалку гориво и нема потреба од скапи филтри за честички гареж

Дволитарската верзија со механички компресор постигнува 190 КС и сé уште поседува свеќички за палење, коишто се активни при стартувањето на моторот и при високи вртежи. При делумно оптоварување, односно во секојдневни услови на возење, мошне „посната“ смеша се пали под дејство на компресија. Според Mazda, потрошувачката на гориво се смалува за 30% во споредба со бензинец со слична моќност. Уште поважно денес, драстично се смалува емисијата на честички гареж, поради што нема потреба од користење посебен филтер.

Mazda 3 cetvrta generacija 4am#

Логично е да се очекува дека Mazda повеќе нема да нуди дизел мотор во гамата на компактот, а потоа и во останатите модели од својата понуда. Во почетокот, класичен дизел ќе биде присутен во понудата, бидејќи купувачите уште не се подготвени да ги прифатат технолошките иновации од овој ранг. Истото важи и за класичните бензинци. Цената сепак претставува важен фактор.

[FAG id=31914]

Претходна објаваCadillac XT4 пристига како конкурент на BMW X1 и Audi Q3
Следна објаваТеренецот на Aston Martin стартува со продажба следната есен

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here