Cadillac XT4 пристига како конкурент на BMW X1 и Audi Q3

Cadillac XT4

Американската премиум марка Cadillac доаѓа во Европа да ги убеди купувачите на кокпактните СУВ-модели дека нивниот XT4 е подобар избор. Продажбата стартува во 2020 година, цените ќе стартуваат од 35.000 евра

Со новиот XT4, Cadillac за првпат во својата историја има СУВ-модел од компакт класата. Теренецот со каросерија долга 4,6 метри ќе настапува како конкурент на Audi Q3, BMW X1 и Mercedes GLA. Неговата продажба штотуку стартува на домашниот пазар, а од оваа страна на големата бара се очекува да пристигне дури во почетокот на следната година.

Cadillac XT4 2am#

Основната моделска изведба ќе чини околу 35.000 евра, опремена стандардно со деветстепен автоматски менувач и интелигентен погон на сите тркала. Понудата од погонски единици во Европа се сведува на дволитарски турбо-бензинец со 240 КС и исто така дволитарски дизел, со моќност од 200 КС.

Cadillac XT4 3am#

Перформансите и вредностите на потрошувачката уште не се објавени за моделските изведби што ќе се нудат на европскиот пазар. Тоа што со сигурност може да се очекува кај Cadillac е изобилство од опрема уште во основното ниво на опрема. Целосно диодни светла се стандард, исто како и климатизација на предните седишта, проекциски дисплеј и неколку системи за асистенција.

https://youtu.be/ivU9CW1pWY8

Градовите во САД сами се изборуваат за возила со почист издув

Швајцарија ќе ги шири улиците поради многуте СУВ-ови

Трамп цени дека штедливите автомобили се штетни по здравјето

Вака Американците оценија 31 автомобилска марка според квалитетот

[FAG id=36018]

Претходна објаваFord со три награди од германскиот магазин Sport Auto
Следна објаваНовата Mazda 3 се очекува на крајот на месецов

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here