за

Ferrari имал планови да го преземе Aston Martin во 2014 година

Aston Martin Goldfinger DB5 Contunation

Ferrari пред неколку години имал планови за преземање на британската луксузна марка Aston Martin. Тоа го пренесува агенцијата Блумберг, повикувајќи се на инсајдерски информации

Aston Martin од утре ќе котира на лондонската берза. Како информација којашто може да влијае врз вредноста на акциите, агенцијата Блумберг денес пренесува дека Ferrari пред неколку години планирал да ја презеде сопственоста над традиционалната британска марка со вреден имиџ.

Aston Martin Vantage

Италијанците почнале да ги разгледуваат опциите уште во 2014 година, откако кормилото на спортската марка го презеде Серџо Маркијоне, кој почина во јули. Намерата била Ferrari да ја збогати својата моделска понуда надвор од традиционалните сегменти на суперспортската марка, заради привлекување нов и поширок круг купувачи. Плановите биле напуштени, откако менаџментот решил Ferrari самостојно да развива нови модели. Акциите на компанијата се најдоа на берзата во октомври 2015 година.

Според Блумберг, воведната вредност на акциите на Aston Martin изнесува 19 фунти. На берзата се понудени една четвртина од акциите на луксузната марка.

Само за милијардерски очи: Aston Martin DB5 за хоби-шпиуни

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Peugeot 5008

Peugeot најпродавана марка на францускиот пазар во септември

Renault K-ZE Pariz

Renault во Париз докажува дека електропогонот е сегашност