за

Светот не изгледа различно по Rolls-Royce Cullinan

Rolls-Royce Cullinan

Онлајн-продавниците се мошне практични, затоа што нивната понуда на производи може лесно да се подреди по цена. Повеќето потенцијални купувачи подредуваат од најевтино кон поскапо. Само малкумина го бараат прво најскапото. Овој Rolls-Royce Cullinan е наменет токму за нив. По можност, и испораката на возилото да биде директно на врата.

Светот го доби првиот теренски автомобил под знакот на Емили. И пак, сé е исто како порано. Rolls-Royce Cullinan, како апсолутна спротивност на Mini Countryman во сопствената групација, или на VW T-Roc и Toyota C-HR во групациите на најголемите производители на автомобили во светот. Lada 4×4 за возење по благородна кал.

Пред да изгубиме уште вредна публика, коментарот на Торстен Милер Отвос, првиот човек на Rolls-Royce: „Суперлуксузниот животен стил напредува и Rolls-Royce е во водство. Луксузот повеќе не е урбан концепт. Сé повеќе станува збор за освојување и искусување на големиот свет. Нашите клиенти сакаат насекаде да патуваат во луксуз, без напрегање и без компромиси, да ги освојуваат најпредизвикувачките терени, со цел да уживаат во најпрефинетите искуства, без разлика каде се тие.“

Rolls-Royce Cullinan во кратки црти

  • Најценетиот автомобил на 2018 година, а многу веројатно и најценетиот автомобил во историјата на Rolls-Royce
  • Именуван по најголемиот откриен дијамант, којшто сега е дел од скапоцените камења во британската круна
  • Автомобил со подигната каросерија за сите терени, којшто за првпат овозможува
  • идејата за автентично, луксузно патување по теренот да прерасне во реалност.
  • Современиот и функционален дизајн гарантира дека Cullinan ќе го задржи иконскиот статус покрај сé побледите СУВ-дизајни
  • Прв триволуменски автомобил во СУВ-секторот. Задната траверза на Cullinan ја двои патничката кабина од просторот за багаж
  • Најпрактичен Rolls-Royce. Cullinan е најфункционален, семејно ориентиран, забавен за возење суперлуксузен СУВ што е достапен денес
  • Втор модел на Rolls-Royce шпто ја користи комплетно новата алуминиумска „архитектура на луксузот“. Cullinan е технолошки најнапреден луксузен СУВ во светот, којшто е создаден за една цел
  • Тестиран до степен на уништување насекаде по планетата, Cullinan е неверојатно способен теренски автомобил, кој го нуди „летањето на волшебен килим“ заради забава при возење по терен, без жртвување на возните својства по асфалт
  • Моторот V12 од 6,75 литри постигнува 571 КС и 850 њутнметри, коишто ги испорачува до комплетно нов погон на сите тркала. Управувањето исто така е на сите тркала

Rolls-Royce Cullinan во една реченица:

Не беше прашањето дали Rolls-Royce ќе успее да го создаде и изработи најдобриот автомобил за теренско возење

Наша визија за следната светска сензација:

Мекдоналдс ќе добие ѕвездичка на Мишелин

Искрено:

Го обожуваме автомобилов

[FAG id=32287]

Rolls-Royce Phantom е „натприродно возачко искуство“ според GQ

За Rolls-Royce Phantom за малку ќе требаше возачка за камион

Rolls-Royce Phantom VIII вози со сопствена уметничка галерија

Rolls-Royce Phantom VIII: Архитектура на луксузот

Кој смее да има нешто против полициски Rolls-Royce?

Rolls-Royce во уште едно „темно издание“ за Гудвуд

Rolls-Royce лакиран со боја изработена од илјада дијаманти

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Suzuki Vitara

Suzuki се збогува со дизел моторите

Rolls-Royce Cullinan Топ 10 Најскапи теренски автомобили

Топ 10 Најскапи теренски автомобили