Повеќе од 170 милиони Американци, што значи повеќе од половина од населението, во своето дејство биле изложени на издувни гасови од согорувањето на бензин што содржи олово. Научниците ценат дека нацијата на тој начин изгубила вкупно 824 милиони IQ-бодови.
САД го забрани оловото во моторните бензини во 1996 година. Пред да се случи тоа, населението беше изложено на отровните издувни гасови од возилата. Според научниците, најсилно се погодени жителите што се родени во 1960-те и 1970-те години, кога присуството на оловото било најголемо.
Оловото има висока токсичност, може да ги уништи умствените ќелии, да го оштети нервниот систем, исто како и бубрезите и цревата. Тешкиот метал влијае врз умствениот развој и врз когнитивната способност посебно кај децата. Психосоматски пореметувања и намалена интелигенција може да се утврдат дури и при мала количина олово.
A new study from Duke University and Florida State University suggests exposure to the lead contained in car fumes may have stolen millions of IQ points from Americans over the past century – particularly for individuals born before 1996. https://t.co/5mpVb0b8NX
— Spectrum Bay News 9 (@BN9) March 10, 2022
„Оловото може да доспее до крвотокот, откако ќе се вдиши како прашина, ќе се проголта или ќе се испие преку водата“, открива Арон Ројбен, докторант на Универзитетот Дјук и коавтор на студијата. „Оловото може да доспее во крвотокот преку хематоенцефалитичката бариера (бариера меѓу крвта и мозокот н.з.) во мозокот. Таа е мошне делотворна во задржувањето на голем број отровни материи и предизвикувачи на заболувања од мозокот, но не на сите“. Поврзаноста меѓу присуството на олово во крвта и понискиот коефициент интелигенција е добро истражена, порачува тимот научници.
Критичната концентрација е надмината кај 170 милиони Американци
За да одговорат на сложеното прашање, како употребата на оловен бензин во период од преку 70 години оставила трајни последици врз човечкото здравје, Ројбен и коавторите Мајкл Мекфарланд и Метју Хауер, двајцата професори по социологија од Универзитетот Флорида, избрале мошне едноставна постапка. Тие ги зеле јавно достапните податоци за вредностите на олово во крвта (Blood Lead Level, BLL), што од 1976 година се проверуваат во рамките на стандардниот национален систематски преглед (National Health and Nutrition Examination Survey, NHANES), и ги споредиле со потрошувачката на бензин, со емисијата и со статистиката за изложеноста на населението на штетното влијание на оловото.
Half of all U.S. adults were exposed to harmful levels of lead from gas fumes in childhood, according to @DukePsychNeuro's Aaron Reuben.
Those born before 1996 may now be at greater risk for lead-related health problems, such as faster aging of the brain https://t.co/3NUW1xbRUd
— Duke University (@DukeU) March 9, 2022
Во 2015 година, повеќе од 170 милиони лица имале над 5 микрограми олово во децилитар крв. Кај повеќе од 54 милиони лица била дури измерена вредност над 15 µg/dL, а кај други 4,5 милиони лица и над 30 µg/dL. Кај 90 проценти од Американците родени меѓу 1951 и 1980 година, концентрацијата е над критичната вредност од пет микрограми, којашто во 2021 година беше сведена на само 3,5 µg/dL. Кај 78 проценти од лицата родени меѓу 1966 и 1970 година, вредноста во нивното дејство била над 15 µg/dL. За споредба, кај американските граѓани што се родени пред 2001 година, речиси сите вредности се под критичното ниво.
Изложеноста на олово во детството довела до намалување на IQ-коефициентот за просечно 2,6 бодови по човек. Тоа значи дека на национално ниво, Америка изгубила вкупно 824.097.690 бодови во степенот на интелигенција. Најмногу се „оглупавени“ лицата родени меѓу 1966 и 1970 година. Тоа се околу 20 милиони Американци, кои според научниците изгубиле по 5,6 бодови од IQ-коефициентот. Во одредени подрачја со повисока загаденост со олово, вредноста достигнува и седум бодови. Професорите ценат дека намалување од седум бодови може лесно да доведе до психичко пореметување кај лицата со потпросечна интелигенција.
Друга студија исто има укажано на поврзаноста меѓу оловото и губењето интелигенција. Дури е пресметано дека државата претрпела економска штета меѓу 165 и 319 милијарди долари.
Топ 10 Најголеми заблуди околу аерозагаденоста во Македонија