Лимузините на Volvo се поддотераа за новото моделско годиште

Лимузината од средната класа Volvo S60 има благи промени во изгледот, има и нов инфо-забавен систем и нови системи за асистенција. Неколку зафати се извршени во моторите, а има и нова верзија што ценовно го спушта влезот во гамата.

Новината кај луксузниот Volvo S90 вo моделската година 2023 е во тоа што лимузината отсега е достапна само во изведба со приклучен хибриден погон Recharge T8 AWD. Тука исто има нови верзии, вклучувајќи и ценовно подостапен основен модел.

Освежувањето на изгледот на S60 следи кусо по фејслифтот на СУВ-бестселерот XC60. Носот е сменет незначително, задниот браник е нов, издувните цевки повеќе не се гледаат. S60, неоспорно рамноправен соперник на Mercedes C-Class, Audi A4 и Серијата 3 на BMW, отсега стандардно доаѓа со инфо-забавен систем врз база на Андроид, со функции на Гугл и со најнови системи за асистенција.

Моделските изведби B3 и B4, со благ хибриден погон, добија подобрувања во погонот. Со воведувањето милеров циклус во работата на моторот и со 7-степениот менувач со двојна спојка, значително се смали потрошувачката, а во исто време се подобрија перформансите. Емисијата на CO2 на изведбата S60 B3 (163 КС/265 Nm) и на S60 B4 (197 КС/300 Nm) се смали соодветно за 14 и за 10, на вредности од 137 и 139 g/km.

Нови имиња на нивоата на опрема, подостапни основни модели

Во чекор со промените што ќе ја зафатат целата моделска гама на Volvo, досегашните нивоа Momentum, Inscription и R-Design во S60 се заменуваат со новите нивоа Core, Plus и Ultimate. Останува спортската моделска изведба Polestar Engineered. Со воведувањето на нивото Core како нов основен модел, се спушти и цената за влез во гамата на S60. Оваа верзија е споредлива со претходните Momentum Business и Inscription Expression, и вообичаено нуди богата опременост.

https://youtu.be/yr69Ep6Ack8

Нивото Core е достапно и за верзијата S60 Recharge T6 AWD, што прави моделот да биде подостапен. Станува збор за машина со системски 350 КС и можност за 91 km да се извозат чисто на струја.

Volvo S90 отсега само со кабел

Исто како престижниот XC90, така и неговиот лимузински пандан S90 во новата моделска година ќе се нуди само во изведба со приклучен хибриден погон. Во случај на верзијата Recharge T8 AWD, системската моќност изнесува 455 КС, а досегот на струја дозволува до 89 km со 0 штетна емисија. Во последната година, повеќе од 90% од нарачките за оваа моделска серија беа направени за верзијата Recharge.

https://photos.app.goo.gl/MyN2JtHw2GKFpy969

Новите нивоа на опрема Core, Plus и Ultimate важат и тука. S90 стандардно доаѓа со електрично задвижувана задна завеса, во S90 Ultimate следи лизгачки/отворачки покрив, место панорамски покрив. Нивоата Plus и Ultimate може да е комбинираат со светол или темен надворешен стил.

Третина од продажбата на Volvo се електрични и хибридни автомобили

Претходна објаваСтудија во САД: Загадениот воздух ја смалува интелигенцијата
Следна објаваMercedes-Benz гради фабрика за рециклирање батерии

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here