за

Светската продажба расте, Европа паѓа

Додека продажбата во Кина и во САД оди по нагорна линија, Европа и натаму паѓа во продажбата.

Експертите предвидуваат дека продажбата на автомобили на светско ниво ќе забележи зголемување од два проценти до крајот на годинава, односно во светот ќе се регистрираат околу 70,5 милиони нови возила во 2013. Само на Кина и САД отпаѓаат 42 проценти од оваа продажба. За американскиот пазар се предвидува зголемување од 5,2 проценти, на вкупно 15,2 милиони возила, додека Кина ќе порасне за 10 проценти и вкупно ќе прими 14,6 милиони возила од глобалното производство. Наспроти тоа, Европа веќе четврта година континуитет бележи постојан пад. Со 11,1 милиони возила до крајот на годината, европскиот пазар ќе се намали за 5 проценти во споредба со минатата година.

Од 2009 година, пазарите во САД и Кина заеднички имаат пораснато за 11 милиони возила, додека пазарот во Западна Европа се намали за 2,6 милиони возила во истиот период. Причините за слабата европска продажба лежат првенствено во Шпанија, Италија и Франција. Продажбата на нови возила во Италија и Шпанија речиси се преполови во периодот од 2007 година наваму, а Франција изгуби околу една петина од продажбата. Според експертите, тоа се должи на кризата со државничките долгови, но се очекува дека за извесно време продажбата повторно ќе се искачи на вообичаеното ниво, откако ќе се подобри економската ситуација во кризните земји.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Mitsubishi Space Star веќе достигна 100.000 примероци

Тест • SsangYong Korando e-XDi200