Премиера на новата генерација на Lexus RX на салонот во Њујорк

Lexus од минатата година напаѓа во компакт класата на спортските теренци со агресивно дизајнираниот NX. Наскоро следува премиерата на поголемиот брат RX, со авангарден изглед.

Четвртата генерација на Lexus RX ќе доживее светска премиера на салонот во Њујорк, којшто се одржува од 3-ти до 12-ти април. Престижната марка ќерка на Toyota засега објави само една слика од новиот теренец, којашто навестува динамичен дизајн во стил на компактниот NX. Впечатлив детал е покривот што во отсуство на нагласени странични столбови изгледа како да лебди над основата на каросеријата. Во поглед на погонот е неизоставна хибридната верзија, а со оглед на фактот што RX ужива голема популарност на пазарот во САД, нема да отсуствуваат и верзии на моделот со мотори со шест и со осум цилиндри. Неизвесно е дали Lexus ќе се реши да воведе турбонатполнење во бензинската понуда кај RX, што премиерно го направи со помалечкиот NX, каде што дволитарскиот турбобензинец ослободува 238 КС и просечно троши 7,7 литри на сто километри. Продажбата на новиот Lexus RX ќе стартува веќе во текот на оваа година, а европскиот старт може да се очекува в година.

Претходна објаваТретиот модел на BMW-i пристига во 2020 година
Следна објаваЕлектричните автомобили ги ладат градовите

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here