Полицијата во италијанскиот Каљари, главен град на Сардинија, отсега ќе ја обавува својата секојдневна работа со електричните скутери на BMW. Едно полнење на батериите е доволно за 100 километри.
Мото-марката BMW има долга традиција во снабдувањето на возните паркови на полицијата. Италијанската полиција ги користи мотоциклите на BMW веќе од 2001 година, вклучувајќи ги моделите R 850 RT, F 650 GS, R 1150 RT и R 1200 RT, како и F 700 GS. Во возниот парк на полицијата во италијанскиот Каљари, на Сардинија, се придружуваат и 15 примероци од BMW C evolution. Со максимална моќност од 47 КС, крајна брзина од 120 километри на час и забрзување што е споредливо со макси-скутерите со мотори од 600 сантиметри кубни, електричниот скутер на BMW ги исполнува сите критериуми за примена во градски услови, вклучувајќи и досег до 100 километри со едно полнење на батериите.
















