за

Очилата на Google и возењето не одат заедно

Користењето мобилен телефон при возење е забрането. Иако за очилата на Google не се користат рацете, можно е и тие да ја доживеат истата судбина.

Очилата на кои што се прикажуваат информациите и претставуваат следна голема револуција во информатичката технологија може да бидат корисни за возачот. Но, неколку држави веќе воведоа забрана или го планираат тоа за Google Glass.

Овие очила кои што ги прикажуваат информациите директно во видното поле на корисникот, се очекува да се појават во продажба во првата половина од 2014 година, но британското министерство за сообраќај уште сега најави дека ќе го забрани нивното користење при возење. Во САД се дискутира за воведување на истите мери.

Автомобилската индустрија очекува многу од новата техника. Според „Silicon Valley Business Journal“, марката Mercedes планира да ги интегрира очилата како еден вид на мобилен проекциски дисплеј во електрониката на возилото. Во тој случај, корисникот ќе може да продолжи да ги следи советите од навигацијата за водењето до целта по напуштањето на возилото.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оцена на користено возило · Opel Vectra (2002-2008)

Тест • Great Wall Steed 5 2.4i One