Водечкиот европски магазин го објави извештајот за квалитетот на автомобилите заснован врз издржливоста, резултатите на супертестовите и оцените на сопствениците. Изненадувања на врвот нема.
Магазинот Auto Bild го објавува извештајот за квалитетот на автомобилите уште од 2001 година. Тој претставува вреден водич за издржливоста и долготрајниот квалитет на автомобилите, како и за задоволството на сопствениците. Во извештајот се користат и податоците од претходните години, но не повеќе од 10 години. Тежиштето е поставено на возилата што се стари меѓу три и седум години. На тој начин се покажуваат слабостите кои што инаку остануваат сокриени за време на нормалните тестови на новите модели.
Вкупната оцена за секоја марка произлегува од седум одделни критериуми на оценување, кои што имаат подеднаков удел во донесувањето на крајниот суд. Се разгледуваат одговорите на сопствениците во анкетите за задоволството од нивните автомобили, извештајот од редовните технички прегледи на возилата при регистрација, резултатите од супертестовите на 100.000 и повеќе километри, како и поплаките што редакцијата на магазинот ги добива од сопствениците на возилата.

Во продолжение е ранг листата на квалитетот за дваесетте најзастапени марки на пазарот. Првото место за Toyota не е изненадување, но затоа е големо изненадување, или поверно кажано, разочарување, тоа што некои марки кои ги познаваме како квалитетни, на ранг листата се само во долната половина. Последните места се веќе со години резервирани за Fiat и Citroen.
Место |
Марка |
Оцена |
1. |
Toyota |
2,17 |
2. |
Hyundai |
2,50 |
3. |
Mazda |
2,57 |
3. |
Mercedes |
2,57 |
5. |
Mitsubishi |
2,60 |
6. |
Audi |
2,71 |
6. |
BMW |
2,71 |
6. |
Honda |
2,71 |
6. |
Kia |
2,71 |
10. |
Skoda |
2,71 |
11. |
Nissan |
2,83 |
11. |
Renault |
2,83 |
11. |
Seat |
2,83 |
14. |
Opel |
2,86 |
15. |
Volkswagen |
3,0 |
15. |
Ford |
3,0 |
17. |
Suzuki |
3,17 |
18. |
Peugeot |
3,43 |
19. |
Citroen |
3,57 |
19. |
Fiat |
3,57 |