за

Научници од Харвард ја претвораат сончевата светлина во гориво

Врвни експерти за енергетика и биохемија од Универзитетот Харвард развија систем за фотосинтеза којшто е десетпати поефикасен од природната фотосинтеза. За добивање гориво, во иднина е сосема доволно сонцето.

Дупчењето во земја во потрага по нафта наскоро ќе стане минато, затоа што обезбедувањето на основниот енергенс ќе зависи само од сонцето. Истражувачки тим од професори од Универзитетот Харвард создадоа систем којшто ја користи енергијата на сонцето за раздвојување на молекулите на водата и бактерии што го конзумираат водородот производувајќи течно гориво.

Разликата во однос на претходните истражувања е во тоа што станува збор за целосно вештачки систем на фотосинтеза за раздвојување на молекулите на водата, којшто ја надминува ефикасноста на природната фотосинтеза. Последната студија открива дека системот располага и со дополнителни потенцијали, покрај производството на течно гориво.

Системот ја претвора соларната енергија во биомаса со ефикасност од 10 проценти, што е за десетпати повеќе во споредба со природната фотосинтеза кај растенијата. Наречен Bionic Leaf 2.0, системот ја користи соларната енергија за производство на изопропанол.

„Фотосинтезата одушевува. Потребни се сончева светлина, вода и воздух. Погледнете го дрвото. Токму тоа го постигнавме, но многу подобро, затоа што сета оваа енергија ја претвораме во гориво.“

Даниел Носера, професор за енергетика на Универзитетот Харвард

Во почетната фаза од истражувањето, научниците користеле легура од никел-молибден-цинк како катализатор за производство на водород. Притоа, врвните експерти од Универзитетот Харвард забележале дека катализаторот произведува и други реактивни видови на оксиген, односно молекули коишто го напаѓаат и уништуваат генот на бактерии. За тоа да се избегне, научниците морале да користат енормен напон на струјата, но тоа ја намалувало ефикасноста на системот.

Потоа било решено да се замени катализаторот и да се користи легура од кобалт-фосфор, при што не се создавале реактивни видови оксиген. Тоа овозможило примена на понизок напон, што на крајот довело до драстично зголемување на ефикасноста. Покрај постигнувањето на ефикасност што со 10 проценти е десетпати повисока отколку ефикасноста на фотосинтезата во природата, системот може да се користи и за производство на исобутанол и изопентанол. Научниците го користат системот дури и за создавање на РНВ, односно биопластика.

„Новиот систем е исполнување на ветувањето за „вештачки лист“ којшто ја користи соларната енергија за раздвојување на водата и производство на хидроген.“

Даниел Носера, професор за енергетика на Универзитетот Харвард

Иако експертите гледаат можност за натамошно зголемување на ефикасноста, сегашните 10 проценти веќе овозможуваат комерцијална примена. Даниел Носера, професор за енергетика на Универзитетот Харвард: „Ова е важно откритие – доволно е само тоа што можеме да бидеме подобри од фотосинтезата.“ Шефот на проектот смета дека оваа технологија може да биде особено корисна во земјите во развој, како Индија.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Лимузините се враќаат на европскиот пазар

Половина век на Peugeot 204 Coupe и Cabriolet