Во десетте години под Renault, романската марка постигна успех каков што со децении се нема случено во браншата. Daciaоткри сегмент на пазарот што конкурентите уште го немаат најдено.
Во 2014 година Dacia Logan се појави како прв нискобуџетен автомобил во светот, наменет за растечките пазари на земјите во развој. Храброста да се понуди нешто ново се исплатеше. Продажбата расте непрекинато откако романската марка конечно се најде под капата на Французите. До мај оваа година, Dacia продаде шест милиони возила на преку 100 пазари во светот. Само во минатата година се симнаа еден милион возила на Dacia од производствените ленти. Со седум модели, Dacia денес има најмлада моделска понуда во Европа. Duster во моментов е најпродавано возило во рамките на целата групација Renault.
Daciaбеше визија на тогашниот шеф на Renault, Луи Швајцер, да понуди на пазарот автомобил за 5.000 евра. Шефот на концернот во 2003 година најави робусно и евтино возило за пазарите во развој на глобално ниво. Автомобилот беше замислено да понуди спој на современа техника, ниски трошоци за одржување и издржливост. Конкурентите сметаа дека тоа не може да се случи, но факт е дека Швајцер ги постави темелите за проектот X90 уште откако во 1999 година Renault ја презеде главнината од акциите на романскиот производител Dacia.
Во јуни 2004 година беше претставен најавуваниот автомобил за 5.000 евра. Успехот докажува дека Renault постигна вистински погодок со пвовој проект. По неполна година продукцијата на компактната лимузина надмина продукција од 100.000 примероци. Уште во истата година се придружија и фабриките во Русија, Колумбија и Мароко. Loganнавистина беше најевтиниот автомобил на пазарот и неговото појавување се случи во вистинското време, кога купувачите покажаа поизразена свест за противвредноста на производите во општа смисла. Во тоа време почна победничкиот поход на дисконтните понуди, беше зачнат и трендот на нискобуџетските авиокомпании.
Огромниот багажник од 510 литри беше еден од клучните аргументи за купување на Logan, покрај останатите вредности. Особеност во конструкцијата на лимузината е тоа што сите каросериски лимови се проектирани со цел да се пресуваат со минимално залагање, што ги смалува производствените трошоци, а со тоа и цената на возилото. На тоа се надоврзува и користењето на техниката на Renault. На тој начин дополнително се смалија развојните и производствените трошоци, но се постигна и високо ниво на издржливост на техниката во сите услови на експлоатација. Како техничка основа за Logan послужи тогашниот Renault Clio.
Во 2006 година, Dacia го додаде вториот модел во понудата, комбито MCV, со максимален товарен волумен од 2.350 литри и бесконкурентна противвредност. Како резултат од тоа, продажбата во 2007 година достигна 367.000 возила. Стратегијата на Logan се примени и за сите следни модели на Dacia, да се понуди најевтиниот модел во секоја класа во која што е присутна марката.
















