за

Да не ти се верува: Возниот парк на студентите во Дубаи

Дали се ова најбогатите студенти во светот? Пред Американскиот Универзитет во Дубаи се паркираат најскапоцените марки, како Bentley, Rolls-Royce и Ferrari. Дури и полициските болиди паѓаат в сенка.

Студентите обично мачат мака да врзат крај со крај во месецот. Апсолвентите во Дубаи се малку поразлични во овој поглед. На паркиралиштето покрај Американскиот Универзитет во Дубаи е како пред хотелот Ермитаж во Монте Карло. Паркирани се само најскапоцените марки Bentley, Rolls-Royce, Aston Martin, Maserati, а секако и Ferrari не смее да недостига.

Студент во Дубаи ги објави на интернет фотографиите од луксузните автомобили пред Универзитетот. Повремено на фотографиите се забележува по некој Porsche Cayenne или Range Rover, но дури и овие инаку престижни возила се губат покрај благородните марки. Истото важи и за најскапите модели на Audi, BMW или Mercedes. Очигледно е дека идните академци имаат проблем да ги паркираат своите возила – нема место за сите. Студентот што ги направи овие фотографии, инаку вози BMW 750iL. Неговиот автомобил исто така е впечатлив на паркингот. Тој е еден од ретките што не е суперспортско купе.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Студија во САД: Бензинците ќе доминираат и во 2040 година

Најквалитетните марки според магазинот Auto Bild