Шкода Октавија стартува со обичен хибриден погон

Додека се одвива борбата за масовна продажба на електрични автомобили, нејадејно профитираше еден сосем „независен“ погон: Класичен и достапен хибрид доаѓа во понудата на Шкода Октавија.

Шкода Октавија е следниот клучен модел на коцернот што го добива обичниот и подостапен хибриден погон, по Голф и Т-Рок

Во трите децении колку што постои на пазарот, Октавија се пробиваше со најразлични видови погон, почнувајќи уште со раните ТДИ, па се до денешните приклучни хибриди. Во меѓувреме, пазарот почна повеќе да бара еден вид погон што Шкода и Фолксваген го прескокнаа. Обичен хибриден погон без штекер, сличен како тој што се прослави во Тојота.

По изведбата со благ хибриден погон, што веќе стартуваше со продажба на најголемите пазари, во гамата на Октавија доаѓа уште еден електрифициран погон. Тоа е т.н. полн хибрид, со помала батерија од приклучните хибриди, без полнач, со подостапна цена.

Во новата погонска изведба, електромоторот не служи само како поддршка, што е случај кај благиот хибрид, туку може и самостојно да го движи возилото на кусо растојание. Батеријата се полни од залетот, односно при секое отпуштање на педалата за гас, посебно на надолнина.

Тоа секако дека донесува значително и вистински намалување на потрошувачката на гориво. Ангажирањето на електромоторот влијае и врз чувството во возење и прави возењето во метеж да биде многу попријатно.

Шкода Октавија Хибрид ќе се нуди во две изведби, што се разџикуваат единствено во системската моќност: Едната со 100 киловати /136 КС, другата со 125 киловати /170 КС. Основата е 1,5-литарски бензинец ТСИ со 130 или 150 КС.

Два електромотори се вмешуваат во погонската спрега. Едниот е генератор од 110 кВ /150 КС, другиот е погонски електромотор од 125 кВ / 170 КС. Батеријата е никел-метал-хидрид, а за преносот се грижи едностепен автоматски менувач, што е развиен за сериски-паралелен хибриден погон.

Што е сериска, а што паралелна работа на хибридот?

Во сериски начин на работа, менувачот не го спојува моторот механички со погонските тркала. Во тој случај, Октавија Хибрид вози чисто електрично. Кога ќе се подиспразни батеријата, односно ќе се побара повеќе сила, бензинецот работи како генератор и ја полни батеријата. Тоа функционира до брзини од околу 60 километри на час.

При повисока брзина, се вклучува паралелен хибриден погон. Во тој случај, моторот преку спојката и преку менувачот се спојува со погонските тркала. Повремено може да се вклучува генераторот за да испорача струја. При посилно забрзување, прв презема електромоторот, брзо потоа реагира и бензинецот.

Целото преоѓање од сериски во паралелен хибрид се одвива автоматски, возачот не треба да презема ништо. Електромоторот може да го преземе погонот и при повисока брзина, кога оптоварувањето е мало и се вози со постојана брзина, по рамен пат.

Во спортскиот режим се вклучува посилно регенеративно сопирање, односно електромоторот посилно го забавува возилото, за притоа да се произведе повеќе енергија за батеријата.

Во надворешноста нема разлики кај хибридот, освен во опременоста. Октавија Хибрид доаѓа со тркала од лесен метал од 17 инчи, стандардно следи и средишен дисплеј од 13 инчи. Багажникот е помал и не се добиваат под на две висини и полно резевно тркало.

Освен во лимузинската, новата погонска изведба ќе се вградува и во комби моделот. Резервоарот е смален на 40 литри, батеријата е под задните седишта и под подот на багажникот. Багажникот сé уште нуди пристојни 460 литри, односно 485 литри кај Октавија Комби.

Производителот не ги наведува техничките податоци, освен просечната потрошувачка: 4,3 литри на сто километри просек.

Шкода Суперб Спортлајн · Тест · Единица мерка за автомобил

Претходна објаваФолксваген го засилува производството во Северна Америка

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here