Компактните СУВ се најпродаван сегмент во Европа, дизелот исчезнува

Секој петти продаден автомобил во Европа до јули е компактен СУВ, расте продажбата на електричните и на кинеските автомобили.

Фолксваген Т-Рок порасна во новата генерација и сега припаѓа во сегментот на СУВ-компакти, најголем сегмент во Европа

Компактните СУВ го зацврстија своето место како најпродаван сегмент во Европа, со удел од 21 проценти во вкупната продажба до јули. Вкупно се продадени 1,7 милион вакви модели, со раст од 12 проценти, поттикнат од кинеските марки и од новите модели на Фолксваген, Шкода, Дачиа и Тојота.

Сегментот на компактните СУВ постигна значително поголем раст од целиот европски пазар, којшто во првите седум месеци покажа зголемување од 5,4 проценти.

СУВ-моделите од компактната класа учествуваат со повеќе од една петина во вкупната продажба во Европа. Вториот најпродаван сегмент им припаѓа на СУВ-возилата од Б-сегментот, којшто заостанува со пазарен удел од 16 проценти. Во третиот најголем сегмент се традиционалните градски комбилимузини.

Најпродаван СУВ од компактната класа е Фолксваген Т-Рок (до тестот). Возилата од овој сегмент преземаат сé повеќе купувачи од сегментот на компактните комбилимузини и комби модели, чијашто продажба опадна 13 проценти и се сведува на близу 700.000 возила. Тој пад го помести сегментот на петтото место по големина, СУВ-моделите од средна и виша класа.

СУВ-возилата учествуваат со 58 проценти во вкупната продажба на автомобили во Европа. Во сегментот на компактните СУВ има најширок избор, со дури 66 модели што имаат надминато 1.000 продажби до јули.

Многу смени доаѓањето на втората генерација на Фолксваген Т-Рок, којашто се продава од минатата година и поголема е околу 12 сантиметри, што ѝ донесе припадност една класа погоре во споредба со претходничката.

На Фолксваген му припаѓаат двете водечки места, со Т-Рок и со поголемиот модел Тигуан. Трета е Киа Спортаж, пред Хјундаи Тусон и Нисан Кашкај.

Неколку модели од сегментот постигнаа голем напредок годинава, како Дачиа Бигстер на 11-то место, што двојно ја зголеми продажбата на 52.614 возила во својата прва цела година на пазарот. Напредуваше и електричната Шкода Елрок, со 67.818 возила, како 7-ми најпродаван СУВ-компакт.

Кинескиот Џејку 7 е на 14-то место, со раст од 109 проценти и продаедни 48.261 возила. Тоа е марка што му припаѓа на Чери, исто како сестринската марка Омода.

Кинеските марки го удвоија својот удел во 7-те месеци и освоија 15 проценти од овој сегмент. Прв кинески модел е МГ ХС на 12-то место. Нивната продажба порасна благодарение на пуштањето на нови модели, меѓу кои се издвојува Липмотор Б10, модел што веќе постигнува голем раст на македонскиот пазар. Добро се продава и Џили Стареј со приклучен хибрид, и секако БИД Силајон 5 со истиот вид на погон.

Уделот на кинеските марки се зголеми посебно во Обединетото Кралство, коешто е најголем пазар за компактни СУВ во Европа. Кинеските марки учествуваат со дури 29 проценти во сегментот во ОК, додека европските марки таму имаат удел од 32 проценти.

Шкода Елрок е најпродаван компактен СУВ со електричен погон во Европа.

Порасна и изборот на електрични модели во сегментот, со 21 електрични модели што надминале 1.000 продажби до јули. Во истиот период лани, тоа им успеа на само 14 модели.

Вкупниот удел на електрични возила порасна 42 проценти и со 326.729 возила учествува со 19 проценти во вкупната продажба во сегментот. Наспроти тоа, бензинците имаат удел од 39 проценти, а на хибридите им припаѓаат 23 проценти.

Шкода Елрок ја предводи продажбата на ЕВ во сегментот, пред Фолксваген ИД.4, Киа ЕВ3 и Рено Сеник.

Најголемо раздвижување меѓу новодојденците постигна Тојота Ц-ХР+ (до тестот), којашто е 6-ти најпродаван ЕВ со 18.851 возила, пред Липмотор Б10 и новата Киа ЕВ5, којашто буквално ја канибализираше продажбата на помалиот модел ЕВ3, чијашто продажба опадна 23 проценти.

Тојота Ц-ХР се соочува со поостра конуренција во трката за најпродаван хибриден СУВ од компактната класа во Европа

Хибридите напредуваа 23 проценти, предвидени од Тојота Ц-ХР (до тестот), од којашто се продадени 47.055 возила, но таа се соочува со засилена конкуренција, од освежената Киа Спортаж на второто место, со раст од 36 проценти и продадени 46.311 возила.

Групацијата Рено и натаму е најголем продавач на хибриди во сегментот, пред Хјундаи-Киа и Тојота.

Од некогаш незабележливото присуство, уделот на кинеските марки во продажбата на хибридни СУВ-компакти порасна на близу 60.000 возила, што претставува 15 проценти од пазарот.

Се очекува дека хибридите ќе продолжат да го преземаат пазарот од бензинците, откако Фолксваген во понатмошниот тек од годинава ќе почне со продажба на изведбата на Т-Рок со хибриден погон, којшто исто така се нуди во Голф.

Киа планира хибридна изведба од штотуку пуштениот Селтос, којшто е позициониран под Спортаж. Хибридните изведби од Селтос ќе се појават во салоните во четвртото тромесечје годинава и од нив се очекува да постигнат удел од 70 проценти во продажбата на новиот СУВ-модел, соопшти Киа.

Продажбата на приклучните хибриди порасна 19 проценти и азфаќа 13 проценти од пазарот. Заслугата за растот пак е кај кинеските марки, коишто заедно постигнуваат удел од 41 проценти во вкупната продажба на компактни СУВ со овој вид погон до јули.

Втор во сегментот е Фолксваген Тигуан, по две места следи Тојота ЦХ-Р. Фолксваген го подржува барањето за ЕУ да воведе исти царини за приклучните хибриди од Кина, како за електричните автомобили што се увезуваат од земјата.

Меѓу важните модели на коишто им претстои старт е Фиат Гризли, СУВ со истата техника како Пежо 3008, Ситроен Ц5 Еркрос, Опел Грандленд и Џип Компас.

Тусон повеќе нема да се брои како модел од Ц-СУВ сегментот, откако наскоро ќе стартува новата генерација, затоа што со должината од преку 4,7 метри го надминува прагот на класата и преоѓа во средната класа.

Липмотор Ц10 · На пат од 800 километри со електричен автомобил низ Македонија (Прв дел)

Претходна објаваТрамп бара автомобилите да бидат поевтини, но да трошат повеќе

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here