Шефот Илон Маск при објавувањето на деловните резултати за последното тромесечје откри дека моментно е прекинат развојот на најавуваниот компактен електричен автомобил на Tesla, што треба да биде достапен за поширок круг купувачи.
Соопштението од Илон Маск, шеф на Tesla, за прекинатиот развој на таканаречената народна „тесла“, им ги набра челата на инвеститорите во калифорниската компанија за електрични автомобили.
На последната конференција за медиуми, на којашто беа соопштени деловните резултати од минатата година, Маск на прашање околу напредувањето со развојот на автомобилот од 25.000 долари, изјави: „Моментно не работиме на автомобилот од 25.000 долари… ќе го довршиме проектот некогаш, но во моментов имаме многу места за поправање, премногу места за поправање, да бидам искрен.“
Маск додаде и дека во текот на 2022 година нема да биде претставен ниту еден нов модел. Тоа е своевидна потврда и дека електричниот пикап Cybertruck годинава нема да достигне зрелост за влегување во сериско производство.
Tesla expected to unveil “Model 2” electric hatchback in late 2021 https://t.co/pNb8nctFaK #Tesla #TeslaModel2 #ElonMusk #China #Auto #car #cars pic.twitter.com/4zYwi78WQ8
— Businesblog (@Businesblog5) February 6, 2021
Компактниот автомобил, за којшто се претпоставува дека ќе биде именуван Model 2, ќе биде долг околу четири метри и замислено е тој исто така да се произведува во новата фабрика на Tesla во Гринхајде, во близина на Берлин.
Лимузината од средна класа Tesla Model 3 во минатата година беше најпродаван батериски електричен автомобил во Европа, со 140.421 примероци.
>>> Tesla Model 3 најпродаван електричен автомобил во Европа лани
















