Daimler AG отсега е Mercedes-Benz Group AG

Mercedes во првиот квартал испорача 477.400 автомобили

Од утрешниот ден, Daimler AG и официјално се збогува со досегашното име и преоѓа во Mercedes-Benz Group AG. Тоа е конечниот исход од темелните промени во рамките на коцнернот, што ги презеде шефот Ола Келениус.

Со првиот ден од месец февруари ќе заврши големата серија промени во концернот Daimler AG, којашто започна кон крајот на минатата година, кога Mercedes-Benz, Freightliner, Setra и останатите камионски и автобуски марки се издвоија во Daimler Truck. Оттогаш фигурираат две посебни претпријатија, што секое за себе котира на берзата. Mercedes-Benz ги вклучува сите патнички автомобили и ванови на некогашниот концерн.

Швеѓанецот Ола Келениус, кој е на чело на компанијата од мај 2019 година, како наследник на Дитер Цече, цени дека користењето на името на марката со огромна традиција, за ново име на компанијата, ќе придонесе за зголемување на атрактивноста на истата: „Забележуваме дека интересот за Mercedes е зголемен во последните 12 до 18 месеци“, коментираше шефот.

Групацијата на Mercedes-Benz ги опфаќа автомобилските марки Mercedes-Benz, Mercedes-AMG, Mercedes-Maybach, Mercedes-EQ, како и услугите mercedes me, Athlon, Mercedes-Benz Financial Services и Mercedes-Benz Bank

Цел на Келениус е Mercedes-Benz да се етаблира како луксузна марка. Топ-менаџерот гледа уште голем потенцијал за развој на вредноста на акциите на компанијата. Од вторник (1-ви февруари 2022), Mercedes-Benz Group AG ќе биде внесен во трговскиот регистар. Во автомобилскиот огранок на Daimler што досега се водеше под Mercedes-Benz Cars & Vans, вработени се околу 170.000 лица.

Експертите отсекогаш ја ценат марката Mercedes-Benz посебно. Во минатата година, американската консултантска компанија Interbrand ја процени вредноста на марката на 51 милијарди долари, односно околу 46 милијарди евра. Во автомобилската бранша, единствено јапонскиот конкурент Toyota котира повисоко. Први на листата се американските компании Apple и Amazon.

Внатрешните подготовки за преименувањето беа завршени уште во саботата. Концернот притоа му оддаде чест и на автомобилскиот пионер Карл Бенц, кој пред 136 години, на 29-ти јануари 1886 година, го регистрираше патентот за првото моторно возило во историјата.

Со последната промена на името на фирмата се посочува на динамичната историја на компанијата. Близу сто години се поминати, откако во јуни 1926 година, Daimler-Motoren-Gesellschaft се спои со Benz & Cie., со учество на Deutsche Bank.

Во 1990-те години, менаџментот во Штутгарт, под раководство на тогашниот шеф Јирген Шремп, ја формираше DaimlerChysler AG, заедничка компанија со американскиот Chrysler. Откако германскиот производител се откажа од главнината од акциите во Chrysler, во 2007 година името на компанијата се смени во Daimler AG.

>>> Mercedes-AMG SL со потпис на Славче Таневски е „сон на соништата на секој дизајнер“

Целата моделска понуда на Mercedes-Benz на македонскиот пазар, со технички податоци, опрема и цени за секој модел, можете да ја погледнете во нашиот онлајн-каталог https://avtosalon.mk/

Претходна објаваMitsubishi фаќа залет со нов ASX врз база на Captur
Следна објаваНародниот електромобил на Tesla се одложува на неодредено

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here