Др. Шулц од Џанго Разузданиот тестира електричен BMW iX

Др. Шулц од Џанго Разузданиот тестира електричен BMW iX

BMW започнува соработка со актерот познат по ликот на Др. Шулц во филмот Џанго Разузданиот на Тарантино. Групацијата од Минхен се реши за Кристоф Валц, барајќи визионер што ќе се поистовети со карактерот на техно-револуционерот iX со знак на BMW, што в година ќе стартува со испорака како сериски автомобил.

Актерот Кристоф Валц во иднина ќе биде ангажиран како ко-креатор за премиум марката BMW. За почеток на партнерството, Валц се најде во главна улога при светската премиера на дизајнот на BMW iX. Кросоверот што ја воведува следната технолошка револуција во баварската марка ја имаше својата премиера во рамките на настанот #NEXTGen 2020. Повеќедневниот настан што беше целосно организиран во дигитална форма, може да се следи на www.bmw.com/NEXTGen.

Оваа манифестација што концернот BMW ја посветува на технологијата на иднината, со нагласок на мобилноста, годинава пренесуваше неколку возбудливи сцени на модели и технологии, кои се носители на тековната трансформација на автомобилската бранша.

Дијалогот со Кристоф Валц проследи по иницијатива на Оливер Ципсе, претседател на управниот одбор на BMW AG. Тој го покани актерот на критички дијалог со дизајнери, технолози и стратези од групацијата. Во центарот се најде дизајнот на BMW iX, иновацискиот „мотор“ на BMW Group.

Големата новина од Минхен е првиот BMW iX

Валц кај автомобилите ги цени премиум квалитетот, технолошката прецизност и вниманието во детали, исто како и одржливоста и долготрајноста на возилата. „Ме радува секој нов технолошки импулс, што не потекнува од Силиконската Долина, туку од Европа и посакувам уште многу такви импулси. Тоа што го дознав кај BMW во ова подрачје, особено ме одушеви. BMW е компанија со богата традиција, но е во исто време и целосно ориентирана кон иднината“, цени Валц.

https://www.bmw.com/en/events/nextgen/christoph-waltz.html

 

Претходна објаваMercedes-AMG GT Black Series рекордер на Нирбургринг
Следна објаваMaggiore 308M · Легендарен Ferrari со дух од денешницата

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here