Mercedes-AMG GT Black Series рекордер на Нирбургринг

Mercedes-AMG GT Black Series сериски рекордер на Нирбургринг

Маро Енгел, тркач во GT3серијата можеше лично да се увери, колку новиот Mercedes-AMG GT Black Series е блиску до мотоспортот. Тој ја извозе патеката долга 20,6 километри за време од 6:43.616 минути.

Mercedes-AMG GT Black Series е нов рекордер во категоријата на спортски автомобили што се хомологирани за патен сообраќај, односно е најбрз автомобил од сериско проиводство на Нордшлајфе, на долгиот курс на Нирбургринг.

Маро Енгел ги користеше сите можност што новиот Mercedes-AMG GT Black Series, со најсилниот сериски мотор V8 на AMG со 730 КС, ги поседува стандардно. Предниот сплитер од карбон беше поставен во „Race“, додека средното и горниото крило од задниот спојлер беа наместени во средната позиција.

Навојното подвозје AMG со приспособлива тврдост, напред беше спушптено за пет, а назад за три милиметри. Тоа беше со цел да се засили вентури-ефектот на предниот дифузор. Нагибот беше поставен на максимални -3,8 степени напред и -3,0 степени назад. За приспособливите стабилизатори, професионалниот тркач го избра најцврстото од трите можни местења, додека деветстепената контрола на тракција, 35-годишникот ја поставуваше на шест или седум, зависно од делот на патеката.

Гумите MICHELIN Pilot Sport Cup 2 R MO со смеша „soft compound“ исто така се дел од стандардниот пакет и развиени се посебно за топ-болидот во гамата AMG GT. Карбон-керамичките сопирачки се во серија, единствена опција беше тркачкиот пакет, со ремени со четири точки и со рол-бар.

Со брзина од близу 270 km/h во делот на „Кеселхен“ и со далеку над 300 km/h на долгиот правец во Детингер, AMG GT Black Series возеше многу побрзо од тркачкиот GT3 на Маро Енгел.

https://www.youtube.com/watch?v=JWaz9HVgDeY&feature=youtu.be

>>> Тјуниран Mercedes AMG GT со 940 КС и впрскување метанол

Претходна објаваFord за сонувачи и преработувачи
Следна објаваДр. Шулц од Џанго Разузданиот тестира електричен BMW iX

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here