Тјуниран Mercedes AMG GT со 940 КС и впрскување метанол

Mercedes AMG GT Posaidon 830

Mercedes-AMG GT 63S уште од фабрика излегува со импресивна моќност од 639 КС. По преработката кај германскиот специјалист Posaidon, брзата купе-лимузина доби 940 КС и вртежен момент од 1.278 њутнметри.

За постигнувањето на исклучителната моќност беа потребни хардверски и софтверски зафати во 4,0-литарскиот V8 со битурбо натполнење. По преработката во Posaidon, купето со четири врати врз база на AMG GT ја добива ознаката GT 63 RS 830+.

Турбополначот е заменет со уште поекстремна изведба со топчести лежишта. Преправени се и downpipes, а се користат и катализатори од мотоспортот, за моќноста да не се попречува. Има зафати и во самиот вшмукувачки тракт, во интеркулерите и во главата на моторот. Проширени се вшмукувачките и издувните канали и полирани се заради оптимирање на струењето. Од дополнителните резервоари назад се повлекува смеша од вода и метанол. Соодетно на тоа се направени преправки и во мапирањето на моторот.

Како резултат од тјунерската работа, GT 63 RS 830+ спринтува од место до темпо сто за 2,8 секунди, додека до следната стотка минуваат само 5,9 секунди. За крајната брзина се наведува ориентациски дека таа е над 350 километри на час.

Бројката 830 во ознаката се однесува на моќностса, во случај кога не се користи метанол за напојувањето на моторот со гориво. Во Германија не е дозволено да се продава верзијата со метанол.

https://photos.app.goo.gl/2NpsKDao2qX3QfsS8

https://photos.app.goo.gl/ZjSQ9f5dPpW7xeRj9

>>> Mercedes-AMG GT со 4 врати има неколку новини

Mercedes-AMG GT со 4 врати има неколку новини

Претходна објаваКои се најпродаваните модели на Toyota до септември?
Следна објаваVolkswagen доби пристап на камионскиот пазар во САД

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here