за

Кои се најпродаваните модели на Toyota до септември?

Јапонскиот примус ги објави продажните статистики за европскиот пазар, со вкупно 716.081 возила од марките Toyota и Lexus до септември.

Неколку детали пред скорешното пристигање на новата Toyota Yaris

Toyota е меѓу победниците во кризата, во смисла на зачувувањето на продажната динамика, додека целиот свет е зафатен во криза предизвикана од пандемијата. Во услови кога целиот пазар бележи пад од 25 проценти, тој кај Toyota изнесува 15 проценти. Toa е јасен показател дека јапонската марка им ги одзема купувачите на конкурентите.

Европскиот огранок на Toyota до септември продаде 715.081 автомобили од марките Toyota и Lexus, зголемувајќи го својот удел на европскиот пазар, кој сега изнесува 6,1 проценти. Победник всушност е хибридниот погон, со вкупно 372.893 продадени возила со овој погон, односно со удел од 52% во вкупната продажба. Гледано само за Западна Европа, овој удел е 63 проценти.

Трендот во третиот квартал од годинава влева големи надежи, затоа што продажбата дури и порасна за 11,5 проценти во периодот од јули до септември. Секако, голема заслуга за тоа има новиот Yaris, кој веќе е во продажба и на македонскиот пазар.

Бестселерското трио Corolla, Yaris и RAV4, учествува со 57% во вкупната продажба од 664.157 возила од марката Toyota до септември. Кај луксузната марка Lexus, главни се СУВ-моделите RX, NX и UX, со удел од три четвртини во продажбата на марката. Во Западна Европа, уделот на хибриди во продажбата на Lexus изнесува неверојатни 99 проценти. За цела Европа, уделот е 64 проценти.

Во продолжение графиконите за продажбата на модели на Toyota и Lexus

>>> По најубавите есенски рути низ Македонија со Lexus UX

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Kia Stonic

Новиот Stonic пристигна во салонот на Kia Motors Macedonia

Mercedes AMG GT Posaidon 830

Тјуниран Mercedes AMG GT со 940 КС и впрскување метанол