за

Виртуелна презентација, реална Миа во видеото за Toyota Yaris

Големите премиери пред бројна публика одамна се само убава желба. Презентациите преку друштвените мрежи веќе го надминаа заменскиот статус и се покажуваат како форма што понатаму ќе се применува многу почесто од досега, не само поради пандемијата. Toyota Yaris и Миа Костова создадоа кадри што во моментов се меѓу најгледаните на македонската сцена.

toyota yaris миа костова

Водечките автомобилски марки уште еднаш докажуваат дека местото на македонскиот пазар им е заслужено. Во време кога секојдневието се одвива во сменети услови, салоните и сервисите соодветно воведоа нови пристапи во своето работење. Тојота Авто Центар има важен нов модел. Бидејќи времето не ги дозволува свеченостите под рефлектори, Toyota Yaris ја доживеа својата премиера пред македонската јавност на друштвените мрежи. Еден дамски лик што јавноста го познава долго време, направи овој виртуелен настан да личи како публиката да е присутна на самото место.

Повеќе не е тивко околу Yaris. По десетина денови откако важниот новитет на Toyota се појави во салонот на марката, во сино-бела комбинација што излезе дека исто е дел од јапонската култура, одненадеж завладеа молк околу автомобилот. Познавачите на сцената се свесни дека во тој момент обично се подготвува нешто големо. Така и се покажа.

Во понеделникот премиерно беше пуштена видео-презентацијата на Toyota Yaris на каналите на марката на друштвените мрежи. Бидејќи јавноста во оваа корона-година се научи да поставува големи очекувања пред онлајн-настаните, македонскиот увозник се погрижи тие очекувања да бидат исполнети.

https://www.instagram.com/p/CFT-ObYMSOK/

Место во салон или во амбиент на културна арена пред бројни гости, што е само убава желба во време на пандемија, Yaris ја доживеа својата премиера преку петминутен видео-спот. Автомобилот што јавноста го познава во три и сега го запознава во четвртата генерација, доби вредно засилување за промоцијата.

Миа Костова, познат лик од јавниот живот и од медиумите, во телефонски разговор со првата дама во маркетингот на македонската Toyota, Ана Трајковска, се запознава со предностите што ги нуди новата генерација на моделот, додека вози Yaris во секојдневието на скопскиот сообраќај. Во вешто изведен дијалог, во којшто се пренесени прашањата што ги интересираат купувачите при избор на нов автомобил, публиката дознава за понудата на мотори и за традиционалниот хибриден погон, сé до прашања околу финансирањето.

Тоа што е обележје на видеоспотот е спонтаноста во дијалогот. Миа сепак има огромно искуство пред камерите и шармот во нејзината природна комуникација му дава веродостојност на овој настан, на којшто јавноста му посведочува преку гледањето на спотот. Од друга страна, Ана има одржано безброј премиери на нови модели на Toyota и таа рутина во подготвеноста да се одговори на сите прашања на Миа, односно во случајов на публиката, го заокружува квалитетот на оваа форма на презентација на автомобилот.

https://www.instagram.com/p/CFUFfQ9gtw_/

Спотот е во продукција на маркетинг агенцијата Идеа Лаб од Скопје, којашто претходно ја видовме на дело и во промоцијата на Toyota ProAce, со Димитар Атанасовски во улога на домаќин. Видео материјалот е сниман во текот на два дена, на повеќе локации низ Скопје и на Водно. Се препознаваат булеварите Илинден и Јане Сандански, со кадри што пренесуваат реална слика од сообраќајот.

Завршната сцена, сосем логично, следи во природа, од каде што Миа порачува: „Кога имаш енергија за продолжиш понатаму, зошто да застанеш?“ Моделската изведба од снимките вози со хибриден погон и тоа свесно се прикажува во повеќе кадри. Toyota Yaris и во новата генерација е најдостапниот модел со полн хибриден погон на македонскиот пазар.

Несомнено станува збор за вредна продукција што поставува нови насоки во кои ќе се одвиваат презентациите на нови модели во иднина. Денешната динамика на живеење им дава предимство на овие форми на ефикасно презентирање, кога на луѓето обично не им останува време да посетат еден или повеќе автосалони.

Спотот во меѓувреме има над дваесет илјади прегледи само на фејсбук, постигнати за два дена. Вообичаените коментари во контекст на критикување на сé што е создадено во Македонија, не отсуствуваат ниту за настаните од подрачјето на автомобилизмот. Локалните креативци сепак се научени, тоа уште одамна да го интерпретираат како потврда за успехот да го привлечат вниманието. Публиката тука сепак е повеќе од доволно интелигентна да ги филтрира адресите од коишто пристигаат одредени критики.

Петминутната промоција на новиот Toyota Yaris со Миа Костова

https://www.facebook.com/ToyotaMacedonia/videos/404198347426565/

>>> Новата Toyota Yaris веќе ја пишува 2021 година

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Audi во Ѓер ги постави најголемите колектори за струја во Европа

Audi во Ѓер ги постави најголемите колектори за струја во Европа

Volkswagen ID3 освои награди за дизајн

Volkswagen во Норвешка очекува 90% удел на електричните в година